Забава
Откажани концертите на „Металика“ бидејќи Хетфилд мора да оди на рехабилитација
Членовите на хеви метал-бендот „Металика“ објавија дека ја одложуваат турнејата затоа што фронтменот Џејмс Хетфилд се пријавил на програма за зависници од алкохол.
„Металика“ во петокот објави на „Твитер“ дека им е искрено жал за одложувањето на турнејата.
„Како што повеќето од вас веројатно знаете, нашиот брат Џејмс со години се бори против зависноста од алкохол. За жал, тој сега мора повторно да влезе во програмата за рехабилитација за да работи на своето закрепнување“, напишале неговите колеги Ларс Улрих, Кирк Хамет и Роберт Трухило.
Според веб-страницата на бендот, требало да се одржат осум концерти помеѓу 17 октомври и 2 ноември: шест во Австралија и два во Нов Зеланд.
„Металика“ изјави дека на фановите што купиле билети ќе им бидат вратени парите и дека групата планира да се врати во Австралија и Нов Зеланд кога ќе дозволат здравјето и распоредот.
Сите членови на групата се во педесеттите години.
Нивниот петти албум „Металика“ од 1991 година се продаде во 30 милиони примероци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

