Македонија
Финска со силна поддршка за позитивна одлука и за почеток на преговорите со ЕУ
Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Пека Хависто, министер за надворешни работи на Финска.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена силна поддршка за проширувањето на ЕУ, како и силна поддршка од Финска, која претседава со Советот на ЕУ, за позитивна одлука во октомври на самитот на ЕУ, од каде што земјава очекува датум за почеток на преговорите.
На состанокот бил констатиран прогрес во областа на владеењето на правото во нашата земја и била изразена поддршка тој процес да продолжи.
„Денешната средба е историска бидејќи се случува во моменти кога Финска претседава со Советот на ЕУ, а Република Северна Македонија за 15-ина дена очекува од Советот на ЕУ силна и јасна позитивна одлука за почеток на преговорите со Европската Унија. Ги направивме важните реформи преку консензус со опозицијата, ги решивме билатералните прашања со соседите преку редок пример на договор и политики на дијалог и решенија, цврсто сме определени кон почитувањето на европските вредности“, истакна македонскиот премиер.
На средбата било нагласено дека Финска иако не е земја членка на НАТО, сепак таа тесно соработува со алијансата за која се очекува да придонесе во безбедноста и стабилноста на државава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

