Македонија
ЕСЕ: Граѓаните и новинарите сè уште се соочуваат со пречки во пристапот до информации од јавен карактер
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на – ЕСЕ покрена петиција за собирање потписи со која бара од Собранието да го забрза процесот на трансформација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и во најкраток можен рок да именува директор и заменик директор на Агенцијата со што ќе создаде основни услови за нејзино работење.
„По повод одбележување на меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер ја информираме јавноста дека Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер не функционира повеќе од една година, поради одложување на изборот на членови на Комисијата и пролонгирање на процесот на трансформација на Комисијата во Агенција. Со ова се крши основното човеково право за пристап до информации од јавен карактер, загарантирано со член 16 од Уставот на Република Северна Македонија и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, велат од ЕСЕ.
Од таму велат дека по скоро 13 години од донесување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, граѓаните, граѓанските организации и новинарите сè уште се соочуваат со пречки во пристапот до информации од јавен карактер, а пак јавните институции се се позатворени за јавноста.
„Јавните институции, особено оние на национално ниво, не објавуваат информации за своето програмско и буџетско работење, а пак во официјална постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер обезбедуваат нецелосни податоци. нформациите кои се достапни за јавноста, често се воопштени и се прикажани во форма која не е разбирлива за граѓаните. Во бирократските постапки за пристап до информации од јавен карактер, јавните институции ги користат законските недоречености и ја избегнуваат должноста за обезбедување на детални и прецизни податоци“, велат од Здружението.
Според нивните информации, бројот на поднесени жалби во последните три години (2016, 2017 и 2018 година) заради повреда на правото на слободен пристап до информации е 1.999, од кои речиси 70 отсто се жалби заради молчење на јавната администрација.
„Недостатокот на проактивност кај јавните институции пак се потврдува со фактот дека во последните три години (2016, 2017 и 2018 година) биле поднесени 26.385 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, за разлика од предходните три години (2013, 2014 и 2015 година) кога биле поднесени 14.360 барања“, велат од ЕСЕ.
Здружението бара од Владата да ги задолжи сите јавни институции да ги објават основните буџетски и програмски документи и да подготви и усвои стратегија за транспарентност на работењето на јавните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот празник Бадник во Соборниот храм, каде се делеа Бадниковите гранчиња, симбол на животот, мирот и новиот почеток.
„Им честитам на овогодинешниот кум Зоран Контраденко и на здравичарот Јаков Дренковски, со искрени желби за многу здравје, среќа, благосостојба и радост во нивните домови.
Нека овој свет празник нè обедини сите, да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, и заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање“, порача Ѓорѓиевски.
Македонија
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.

