Забава
Поради секс-скандалoт, Пласидо Доминго веќе не е директор на Операта во Лос Анџелес

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго се повлече од функцијата извршен директор на Операта во Лос Анџелес кога неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување.
„Обвинувањата создадоа атмосфера што ја загрозува мојата способност да ѝ служам на куќата што ја сакам толку многу“, рече Доминго.
Одборот на директори на Операта изјави во посебно соопштение дека Доминго има настапено повеќе од 300 пати во таа куќа во 31 улога. Тој бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес од 2003 година. Доминго (78) пред две недели објави дека повеќе нема да настапува во „Метрополитен“ во Њујорк.
Неколку американски опери и оркестри досега ги откажаа настапите на Доминго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мелинда Гејтс проговори за разводот од Бил: Покрај бракот, ги изневери и нашите вредности

Во ексклузивно интервју за Сандеј Тајмс, Мелинда Френч Гејтс, која ги одбројува деновите до објавувањето на нејзината книга The Next Day, откри детали за распадот на нејзиниот брак со Бил Гејтс, кој официјално заврши во 2021 година. Според неа, пресвртниот момент дошол во 2019 година, откако Њујорк Тајмс објави статија за поврзаноста на Бил со осудениот сексуален предатор Џефри Епстејн.
„Написот покрена сериозни прашања во врска со однесувањето на Бил – прашања кои сугерираат дека тој го предал не само нашиот брак, туку и нашите вредности“, напиша Мелинда во својата книга, нарекувајќи го Епстејн „отелотворено зло“.
„И покрај подоцнежните обиди на Бил да се дистанцира од Епстејн, штетата веќе беше направена. Тоа беше нешто што беше неопходно“, рече Мелинда за разводот.
На прашањето за изјавата на Бил дека разводот е најголемата грешка во неговиот живот, Мелинда ладно одговорила: „Навистина не знам што да мислам за таа изјава. Затоа нема да коментирам што вели тој“.
За потсетување, и Бил Гејтс неодамна проговори за нивниот развод и откри како се чувствува за сето тоа.
„Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Има повеќе, но ништо не е важно. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“, истакна тој.
Забава
Џони Деп ги изненади фановите со трансформација за нова филмска улога

Џони Деп се врати на глумата во Холивуд во филмот Day Drinker, за кој драстично го промени својот изглед, што ги изненади неговите обожаватели. Овој проект го режира Марк Веб, познат по филмовите The Amazing Spider-Man и најновата играна верзија на Дизни на Снежана со Рејчел Зеглер и Гал Гадот. Во овој филм Деп глуми мистериозен гостин на луксузна јахта.
На првата фотографија од сетот се гледа како Деп држи чаша и гледа во камерата со мрачен израз. Голема промена во неговиот изглед го привлече вниманието – неговата долга коса и брада се речиси целосно сиви, што го прави да изгледа постар отколку што го паметат обожавателите.
Филмот Day Drinker го означува враќањето на Деп во Холивуд бидејќи тоа ќе биде неговиот прв филм од голема продукција по 2018 година. По судењето за клевета со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Деп се повлече од американските продукции. Тој глумеше во францускиот филм Jeanne du Barry, кој го отвори Канскиот филмски фестивал во 2023 година.
Забава
(Фото) На вистинска убавица не и треба шминка за да привлече внимание

Австралиската манекенка Шанина Шаик неодамна присуствуваше на традиционалниот фестивал „Revolve“ кој секоја година се одржува во рамките на познатиот музички настан „Coachella“.
Манекенката за таа пригода облече младешки аутфит од кој сигурно ќе воздивнете. Поточно, таа облече мини фустан во маслинесто зелена боја кој ја истакна нејзината завидна фигура. Забележлив беше и деталот околу вратот кој го замени ланчето.
Покрај тоа, Шанина додаде гломазни алки, како и чизми каубојки, кои на целиот стајлинг му дадоа лежерен шмек.
Што се однесува до шминката, познато е дека манекенката претпочита посмирени, нежни тонови, поточно, природен изглед, а овој пат се одлучи за минимална количина шминка.
Таа само ги истакна своите нереално убави очи.
Инаку, Шанина Шаик често ја поврзуваат со Русинката Ирина Шајк и поради нејзиното презиме и поради нејзината специфична убавина.
Работела за престижни брендови како Шанел, Вивиен Вествуд, Дизел, Стела Макартни, Том Форд… и ги красела насловните страници и едиторијалите на престижните модни списанија.