Црна хроника
Во Гостивар уапсени дилер и разбојник осудени на затворски казни
Две апсења на гостиварци осудени на отслужување затворска казна биле спроведени во попладневните часови на 2 октомври од страна на полицијата во овој град.
Како што информираат од МВР, првото апсење било спроведено околу 13:00 часот на улицата Мајор Чеде Филиповски, при што бил приведен 35-годишник осуден на затворска казна за сторено кривично дело тешка кражба.
Околу два часа подоцна на гостиварската улица Седек Костовски се случило уште едно апсење. Полицијата привела 31-годишен дилер осуден на затворска казна.
Двајцата уапсени биле предеадени во затворот „Тетово“ за издржување на нивните казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Директорка на „Завод и музеј“ Битола незаконски си се унапредила на работното место
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.
Пријавената, во својство на директор на Национална установа „Завод и музеј“ Битола, спротивно на одредбите од Законот за вработени во јавен сектор и Законот за работни односи, несовесно постапила во вршењето на своите овластувања и должности на тој начин што извршила промена на Актот за систематизација на работните места, со што го укинала нејзиното работно место виш кустос и за себе отворила ново работно место кустос советник, кое што е едно ниво повисоко од претходното.
Црна хроника
Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С.(40) од Делчево, сопственик и управител на правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „оштетување или повластување на доверители“ и против правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, соопшти МВР.
Првопријавениот М.С. постапил спротивно на Законот за данок на додадена вредност на тој начин што во даночните пријави за контролираниот даночен период, преку правното лице пресметал и искажал помал даночен долг кој произлегол од неевидентиран остварен промет од продажба на основни средства и од продажба на залихи на материјали.
Со наведените дејствија пријавените успеале да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 31.433.522 денари, за кој износ го оштетиле државниот буџет.
Црна хроника
Украл пари и нападнал вработена во казино во Охрид
Едно лице е осомничено дека украло пари и нападнало вработена во казино во Охрид.
Според информациите од полицијата, вчера во 07.25 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во казино лоцирано на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице одзело пари и физички нападнал вработена во казиното.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање по што, против сторителот ќе биде поднесека соодветна пријава.

