Соопштенија
(Видео) Шахпаска: Трето зголемување на платите во здравството, а второ во армијата и образованието

На денешната собраниска седница, на предлог на парламентарното мнозинство беше изгласан Законот за исплата на платите, со што се овозможува исплата на септемвриската плата со ветеното покачување од пет проценти, информира пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.
„Со оваа мерка, зголемена плата за 5 проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната, вработените во администрацијата и целиот јавен сектор“, посочи таа.
Како што рече, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата, образованието и детските градинки.
Шахпаска кажа дека мерките за подобрување на животниот стандард ги опфаќаат и вработените во приватниот сектор.
„Во таа насока е и мерката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, за која со ребалансот на буџетот за 2019 година се обезбедени 400 милиони денари“, објасни пратеничката и додаде дека СДСМ е целосно посветена на подобрување на животниот стандард на сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ѓорѓиевска: Водевме кампања со визија, проекти и со дела

Носителката на советичката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска, на денешната прес конференција направи збирна оценка на изборната кампања пред првиот круг на локалните избори в недела. Во изминатите три недели, заедно со нашиот тим од Движењето ЗНАМ – прошетавме низ сите делови на општина Куманово, рече таа.
„Се сретнавме со граѓаните, разговаравме со нив ги слушавме нивните проблеми, предлози и идеи. Со задоволство можам да го споделам денеска е – дека кумановци ја прифаќаат нашата програма, се согласуваат со тоа како ние планираме да работиме во наредниот мандат. И, она што најсилно го почувствувавме е љубовта кон градот и желбата за контиуитет што носи реални резултати, а не празни ветувања“, нагласи Ѓорѓиевска.
Оваа кампања, рече таа, ја водевме чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нас. „Она што го имаме сработено досега е нашиот најголем капитал е показател дека ние исполнуваме. Не ветувавме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат.
Со таквите проекти дефинитивно го правиме Куманово – модерен град со нови улици и булевари, нови плоштади, повеќе паркинг места, со поголеми зелени површини – паркови, дрвореди и зелени појаси, со нови сообраќајни решенија депонии, со поголема водоводна, канализациска и гасоводна инфраструктура. И, општина со нови инвестиции, ново отворени работни места и перспектива за младите. Веруваме во континуитет, стабилност и вистински развој. Куманово има потенцијал, има луѓе со идеи, со енергија и со желба да напредуваат.
Нашата цел е едноставна да го задржиме тој напредок, да ја продолжиме изградбата на современ, зелен и уреден град, каде што секој човек ќе има достоинствен живот“, потенцираше носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ за Куманово.
Ѓорѓиевска ги покани кумановци вечерва да присуствуваат на завршниот митинг на Движењето ЗНАМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, а в недела да излезат масовно на гласачките места. „Излезете и поддржете нè затоа што зад нас стои визија, систем и тим што работи за Вас, не за лични интереси. Поддржете нè затоа што знаеме како, затоа што ве слушаме и затоа што сме дел од вас. На 19 октомври изберете стабилност, искреност и дела. Гласајте за број 2 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, повика Ѓорѓиевска.
Соопштенија
Новотни: Нема да има коридори за брза профитабилност во општина Центар

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Центар, Антони Новотни, предупредува дека неконтролираната урбанизација го руши јавниот простор и квалитетот на живот, притоа најавувајќи долгорочен план за заштита на зелените површини и јавниот простор кој има историско значење.
„Урбаното дивеење ги уништува јавните простори и човечкиот квалитет на животот. Потребен е конкретен, долгорочен план: ревизија на урбанистичките планови и јасни критериуми што го штитат историското и зеленото наследство“, вели Новотни.
Тој нагласува дека приватниот интерес мора да се усогласи со јавниот во управувањето со општина Центар.
„Сопствениците и инвеститорите ќе бидат обврзани да придонесуваат за јавниот интерес, а дозволите ќе се даваат само по транспарентни јавни расправи,“ порачува Новотни, притоа додавајќи дека нема да има веќе коридори за брза профитабилност.
„Само плански, со одржлив развој, нашиот Центар ќе биде убаво место за живеење. Заокружи 8. Коалиција за зелена иднина“, порачува Новотни.
Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).