Македонија
Општина Аеродром доделува субвенции за инвертер-клими
Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе се реализира по принципот прв дојден, прв услужен.
Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик, заклучно до 18 октомври, може да достават барање за поврат на средствата во висина од 50 отсто, но не повеќе од 15 илјади денари од домаќинство со вклучен персонален данок на доход.
Потребни документи за аплицирање се: барање за надоместок, кое може да се подигне во Општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром, фотокопија од важечка лична карта на барателот, имотен лист за објектот со адреса на подрачјето на општина Аеродром, доказ дека е извршено купување инвертер-клима, и тоа оригинал фискална сметка или фактура, и извод од деловна банка со датум во период од почетокот на календарската 2019 година до денот на завршувањето на јавниот повик, фотокопија од трансакциска сметка, потврда за платен данок на имот за станбен објект каде што е инсталирана климата, заклучно со 2018 година, изјава, која може да се подигне во Општина Аеродром, со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
– до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
– објектот во кој е/ќе се инсталира инвертер-климата не е во фаза на градба,
– во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција,
– во станбениот објект каде што е инсталирана или ќе се инсталира инвертер-климата нема приклучок кон градско централно греење, без оглед на тоа дали го користи.
Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена „Јавен повик за субвенции за инвертер-клими“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.
Општина Аеродром субвенционира набавка на инвертер-клими со цел да ги стимулира жителите (домаќинствата) за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите за да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат во средства за нов начин на греење, односно поттикнување за примена на поквалитетни уреди за греење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година
Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година, објави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Станува збор за нов договор меѓу Владата и синдикатите УПОЗ и САДУ, за кој Мицкоски оцени дека претставува историски момент, бидејќи, како што рече, никогаш досега немало толку јасен и временски прецизиран план за усогласување на платите и нивно достоинствено ниво.
„Ова е поширок пакет кој ќе ги опфати вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата – вкупно околу 11.000 луѓе. Договорот има рок до 2028 година и претставува целосна регулација на односите меѓу Владата и вработените во овие институции“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека Владата веќе има постигнато слични договори со вработените во образованието и здравството.
Мицкоски најави дека паралелно ќе се работи и на нов општ колективен договор, во соработка со репрезентативните синдикати ССМ и КСС.
Македонија
Нелегален објект на аеродромот Стенковец, Николоски соопшти дека ќе бара конфискација
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека ќе почне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје.
„Во координација со повеќе институции – Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат и Аероклубот на аеродромот Стенковец – ќе се започне постапка за конфискација на објектот кој е целосно нелегално изграден на државно земјиште“, објави Николоски на својот фејсбук профил.
Тој информира дека ќе биде побарано од Обвинителството и Судот објектот да се одземе во корист на државата, со намера да се стави во функција на Агенцијата за цивилно воздухопловство – за обука на пилоти и други потреби поврзани со воздухопловниот сектор.
Николоски нагласи дека Министерството за транспорт, како институција надлежна за објекти од прва категорија како аеродроми, болници, универзитети, спортски сали и стадиони, „сериозно пристапува кон решавање на проблемот со нелегално изградени објекти“.
„Ова е јасна порака дека нема да се толерира нелегална градба на места каде што Министерството и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност“, заклучи вицепремиерот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана Димитријевиќ нека го праша Филипче кој панично ја напушта државата на 2 февруари кон јужниот сосед
Еве прецизен одговор за малиот Димитријевиќ за марихуаната. Одговорите за тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана нека ги постави на Венко Филипче кој е во отворена комуникација и на команда од Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
„Зошто Венко Филипче ја напушта панично државата на втори февруари и се упатува кон јужниот сосед. Дали и каков состанок имал со Зоран Заев? Јавна тајна е дека семејството Заеви е вклучено во бизнисот со марихуана. Сосема случајно или не, во Струмица се конфискувани над 30 тони марихуана кај лице советник на Заев и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Димитријевиќ претдходно денес, на прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта.

