Македонија
Oд 19 часот до полноќ затворен за сообраќај ќе биде булеварот Партизански одреди
Oд 19 часот до полноќ затворен за сообраќај ќе биде булеварот Партизански одреди, на потегот од вкрстувањето со улицата Рузвелтова до вкрстувањето со улицата Костурски херои, и тоа само во правецот од Ѓорче Петров кон центар, а автобуските линии што гравитиваат во овој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот.
Линиите 2, 2А, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 ќе вртат лево на улицата Рузвелтова, десно по булеварот Илинден кон мостот „Гоце Делчев“, од каде што секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.
Во обратна насока ќе сообраќаат по своите вообичаени траси.
Линиите 4, 7, 15, 21, 21А, 22, 22А и 24 ќе вртат десно на улицата Рузвелтова, лево по булеварот Теодосиј Гологанов кон центар, од каде што секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Извршена ларвицидна дезинсекција во општина Илинден
Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, Општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ – Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.
Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци.
Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.
Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно за здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.
Македонија
Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда
Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата.
Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а каде што посочи дека лица блиски до Кичеец му се закнуваат.
Јовановски вели дека Кичеец е човек што згрешил пред законот, а не одговарал за тоа и неговата реакција е очекувана.
„Ова е почеток на една битка и разрешница со цела криминална банда, а во оваа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец“, рече Јовановски.
Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ ги оцени наводите на Кичеец како неосновани и укажа дека за лажното пријавување очекува одговорност.
Како што појасни Туфегџиќ, пријавата се однесува на три кривични дела – загрозување на сигурноста, демнење и кривично дело лажно пријавување. Ги отфрламе сите наводи, рече Туферџиќ, бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за понатамошно процесирање.
Јовановски претходно на „Фејсбук“ објави дека лица блиски и под команда на Зоран Милевски-Кичеец веќе неколку дена кон него дејствуваат преку разни форми на закани и притисоци со цел да го откаже второто гостување во поткастот кај Лазаров. Воедно, како што објави Јовановски, заканите и уцените кулминирале кога пред влезот на неговиот стан го пречекале две лица да му пренесат порака од Кичеец.
Скопје
Оваа сабота во „Јавна соба“: базар на втора рака облека, накит, книги и детски играчки
Трендот во големите градови и културата е рециклирање и рекреирање веќе на постојното. Колку понапредни општествата, толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е second hand модата.
Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.
Оваа сабота (11 мај) во „Јавна соба“, под слоганот „Second hand е подобро од ново“, почнува базарот, каде што посетителите може да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има многубројни штандови со разноразни парчиња, кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.
И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:
– заштеда на пари;
– помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси;
– поддржувате локален и мал бизнис;
– развивате уникатен стил;
– имате чувство како да сте во потрага по богатство.