Македонија
(Видео) Јанушев : Виница е речиси празна, народот се иселува
,,Како дел од караванот „Разговори за обнова на Македонија“ денес сме овде во Виница да ги слушнеме проблемите на граѓаните на Општина Виница, да го нотираме сето тоа, да понудиме решенија за истите, кои што ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните предвремени парламентарни избори.Од она што имам прилика да го видам денес во Виница од разговорите со граѓаните е дека оваа криминално рекетарска власт предводена од Заев буквално нема реализиран ниту еден капитален проект”, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, она во што се најдобри, тоа продолжуваат да го прават, а тоа е да продолжат да лажат и да манипулираат со граѓаните.
,,Она што е како еклатантен пример во Виница нешто на што ги добија односно освоија одреден број на гласови на претходните избори е дека ќе го запрат иселувањето е можеби најевидентно токму овде во Виница.Колку е добра целата ситуација во Република Македонија и колку СДСМ и Заев се на добар пат имаме еден добар пример да видиме токму овде.Значи градот е скоро празен, народот се иселува. И не се иселуваат само оние што не можат да најдат работа, туку се иселуваат буквално луѓе кои што имаат добри работни места се затоа што во Македонија нити има правна држава, нити има правна сигурност.И тоа е нешто за што ние како ВМРО-ДПМНЕ, како нова влада која што ќе ја формираме после изборите ќе треба сериозно, сериозно да преземеме акција, да преземеме метки.
Она што дополнително го прават е да се фалат и да манипулираат и понатаму со граѓаните.И такви се примерите со пречистителната станица и спортската сала во основното училиште „Славчо Стојменски“ кој што се обидуваат да си ги препишат како проекти кои што тие ги направиле. Меѓутоа народот е овде паметен знаат значи кој ги почнал, знаат кој ги правел тие работи.И се доволно, доволно на едно ниво за да можат тоа да го препознаат и да знаат на кого треба да ја дадат поддршката”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница
По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети.
Соговорниците постигнаа консензус за потребата од кодификација на ромскиот јазик, отворање катедра за ромски јазик и овозможување на учениците Роми, да го изучуваат ромскиот јазик не само во училиштата во Скопје, туку и ширум републиката.
На настанот беше прочитан дел од предговорот од првата ромска граматика од Шаип Јусуф. Исто така, беа прочитани стихови од делото „Бели патишта“ на авторот Селим Азис. Авторот Сафет Камбер прочита стихови од делото ,,Слово на душата”, меѓу кои: „Kana ka dikhe chorole sijam, numaj ki atma phiravaja barvalipe. Kamipe bizo sharti isi amen thaj sakoneske daja ole“. („Сиромашни сме по изглед, но во душата носиме богатство. Љубов безусловна имаме и секому ја даруваме”).
Претседателката изрази особено задоволство што првата граматика на ромски јазик, којашто е од непроценлива вредност за милиони Роми ширум светот, е создадена на македонско тло од професорот Шаип Јусуф.
Таа упати порака учениците да си го сакаат, почитуваат и учат ромскиот јазик, како незаменлива ромска татковина.
Македонија
Алиу: Континуирано ги унапредуваме здравствените услуги во Клиничката болница во Битола
Министерот за здравство Азир Алиу денеска беше во посета на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“–Битола.
Со цел обезбедување квалитетна и достапна здравствена грижа, во болницата се вработени четворица нови специјалисти кои од приватниот сектор преминаа во јавното здравство – интервентен кардиолог, инфектолог, интернист и дерматовенеролог. Со тоа е комплетиран тимот за кардиологија, а во план е развој на клиничка електрофизиологија со имплантација на пејсмејкери, соопштија надлежните.
– Битола е првата болница во државата која почна со децентрализација на онколошката терапија – секоја недела лекар од Клиниката за радиотерапија и онкологија работи со пациентите во Битола, со што се намалува потребата тие да патуваат во Скопје за консултации и контроли. Во рамки на поддршката од Владата и Министерството за здравство, болницата е зајакната со нова медицинска опрема, меѓу која нов дигитален рендген апарат, биохемиски и имунолошки анализатори, современ апарат за ФАКО метода и нов ехо апарат за офталмологија, како и нов дигестор за одделот за патологија“, посочи Алиу.
Во изминатиот период, како што беше истакнато, примени се 11 приватни специјализанти, а целосно е реализиран и огласот за вработување на 53 лица медицински персонал, со што се подобрува функционалноста на сите оддели и одговорот на потребите на пациентите.
-Нашата цел е секој регион да добие болница со современи услови, мотивиран кадар и највисок стандард на здравствена грижа. Клиничката болница во Битола е пример како со посветеност, вложувања и стратегија, можеме да создадеме модерен регионален центар кој е поблиску до граѓаните и ги нуди сите потребни услуги на место, изјави Алиу.
Со овие инвестиции, велат од министерството, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“–Битола станува модерен регионален центар, со силен кадар, современа опрема и системска грижа која ја приближува здравствената услуга до секој пациент.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

