Забава
Создадено растение што произведува мајчино млеко

Научниците успеаја да создадат првo растение во светот што произведува „мајчино млеко“.
Поточно, растение кое произведува масло со ист хемиски состав како и маснотиите од човечкото млеко.
Природното човечко млеко има молекули на маснотии – триацилглицерол, кои му помагаат на бебето во варење хранливи материи.
Според научниците, ретко која храна за бебиња содржи нешто слично на овој молекул, така што може да се додаде во нивните производи – што значи дека децата што се хранат на шишенце подобро ќе можат да апсорбираат хранливи материи.
Главниот истражувач Питер Истмонд рече дека ниту еден друг организам нема масни клетки структурирани како маснотии од човечко млеко, ниту растенија, квасци, габи или бактерии.
„Се надевам дека ако најдеме поевтини методи за производство на оваа маст, која е слично на структурата на маснотиите добиени од човечкото млеко, таа состојка ќе се користи во храна за бебиња“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
И на 56 години, и нема рамна: Анистон откри кое јадење и помага да ја одржи својата совршена фигура

Славната актерка Џенифер Анистон стана едно од најомилените лица низ целиот свет уште од првиот ден кога се појави на малите екрани.
Таа е една од ретките актерки која успеала да го одржи својот изглед без да подлегне на новите трендови и да го промени својот личен опис преку пластична хирургија.
Нејзиниот изглед често е главна тема на разговор, а нејзините извајани мускули секогаш оставаат без зборови.
За да изгледа фит и на 56 години, актерката се придржува до специфична диета, но и многу тренира.
Анистон еднаш откри кое јадење го јаде неколку пати неделно, и токму благодарение на тоа ја одржува својата совршена фигура.
За оваа салата, потребни ви се половина чаша киноа, две чаши вода, малку магдонос, краставица, домат, авокадо, маслиново масло и сок од лимон. Измешајте сè заедно и уживајте во совршениот оброк за претстојните летни денови.
Забава
(Фото) Бекам е повторно сингл, со својот изглед привлече внимание во Париз

Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, а како резултат на тоа, во центарот на вниманието се појавија и бројни други гласини.
Веќе некое време, поточно, од прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулира дека односите во семејството не се баш најдобри, а дека постои и тензија меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат во тајност.
Во тој период, Ромео решил да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.
За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности на овогодинешниот турнир.
Исто така, се пишуваше дека Ким била причината зошто односите во семејството биле затегнати, но извор близок до двојката открил дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во најдобар ред.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез воодушеви со својот изглед и енергија, носеше провокативен костим

Латино дивата Џенифер Лопез настапи на фестивалот World Pride Music во Вашингтон и блесна во сребрен костим.
Не е тајна дека Џеј Ло внимателно го подготвува секој свој настап и ги воодушевува луѓето ширум светот со својата енергија. Сепак, како и обично, фокусот беше на нејзиниот костим, а овој пат беше доста провокативен.
Како што истакна, се чувствува слободна и среќна и е подготвена да ја сподели целата енергија што ја има со публиката.