Македонија
Изградено ново одделение за акутни состојби во Психијатриска болница – Негорци

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со државниот секретар, Владимир Милошев, денеска ја посетија Психијатриската болница – Негорци, во Гевгелија, по повод отворање ново одделение за акутни состојби во психијатријата, во рамки на оваа јавна здравствена установа. Новото одделение е изградено од темел, на место на постојното одделение, кое беше од дрвена конструкција и во значителна мера оштетено.
„Одделението е изградено согласно меѓународни стандарди и искуства за акутно одделение, со поделба на машки и женски пациенти, посебни простории за доктор, сестри и болничари и има посебна соба за фиксација, согласно препораките на Народниот правобранител“, соопштија од Министерството за здравство.
Вкупната сума за оваа инвестиција изнесува над 11 милиони денари и е изградено по принцип клуч на рака.
Раководството на Психијатриската болница – Негорци информираше дека во изминатиот период е извршена уште една комплетна внатрешна реконструкција на хронично одделение при што се поставени нови подови и плочки, целосно нови бањи и тоалети и извршено е реновирање на целата површина на ѕидови и тавани, при што е поставена целосно нова столарија и соларен систем за целото одделение. За оваа инвестиција беа издвоени 3.045.580 денари.
Покрај реконструктивните зафати, во изминатиот период Психијатриска болница – Негорци се зајакна и со здравствен кадар, и тоа: еден специјалист психијатар, двајца доктори на медицина, пет медицински сестри, еден дипломиран психолог, еден дипломиран социјален работник и еден дипломиран биохемичар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.