Македонија
(Видео) Костадинов: Мислењето на Венециската комисија сѐ уште не е официјално
Мислењето на Венециската комисија сѐ уште не е официјално, комуникацијата на ниво на институции продолжува. Ова го изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, запрашан за коментар во врска со нацрт-верзијата од Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците.
„Непринципиелно е да коментираме нацрт-верзија, секако мора да оставиме Венециската комисија официјално да излезе со свое мислење, потоа ќе може да коментираме. Зошто не го коментираме? Од причина што сè уште постои комуникација помеѓу институциите и Венециската комисија во однос на насоките, мислењата, а со тоа се потврдува дека може да претрпи промени до официјалното објавување на нивното мислење, секако ќе оставиме простор да излезе официјалното мислење на Венециската комисија, а потоа ќе можеме конкретно да ги коментираме нашите ставови“, рече Костадинов.
Според нацрт-верзијата, Венециската комисија има забелешки и бара законот да се ревидира, без користење скратена собраниска постапка бидејќи, како што е наведено, иако се унапредува албанскиот јазик, на институциите им се наметнуваат нереални правни обврски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

