Македонија
Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Зад бетонската тврдина на кровот на ГТЦ стои план за ресторан близок до власта
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје изразува загриженост поради, како што вели, урбаното дивеење и узурпирање на таканаречениот зелен кров на ГТЦ и сето тоа под одобрение на Петре Шилегов.
„Практично бетонската тврдина која никна на кровот на ГТЦ е нова бизнис-зделка на власта, каде објект поголем од предвидената зелена површина треба да служи за ресторан и истиот според неформални сознанија треба да припадне на лица блиски до Шилегов и Власта. Празната и популистичка флоскула на Шилегов ‘градиме по план’ значи крадеме по план. Бизнис-моќници од угостителскиот бизнис блиски до Шилегов стојат зад бетонската градба на ГТЦ. И додека Шилегов и неговите лееја крокодилски солзи за спас на ГТЦ, сега истите го сквернават за свои бизнис-интереси градејќи бетонска тврдина на самиот кров. Шилегов глумеше нервозен полицаец кога граѓанин направи штета на неколку цевки на зелениот кров кој беше во градба и објавуваше видеа, а сега кога се гради бетонска тврдина среде ГТЦ се прогласува за ненадлежен“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата бара итно обелоденување што се крие зад бетонската тврдина на ГТЦ, односно дали позади тоа стои бизнис-интерес на познат скопски угостител близок до Шилегов и власта и кој е процентот и провизијата за таквата зделка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

