Македонија
Османи: Имаме историска шанса да ги соединиме заедничките амбиции во интерес на цела Европа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/SEP1.jpeg)
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово оствари телефонски разговор со министерката за Европа и претставник на Француската република во ЕУ, Амели де Моншален.
„Имаме неповторлива шанса пред нас да ги соединиме интересите на нашите две земји, создавајќи вистински пример за тоа како се напредува во европските интеграции, преку лидерство, преку храбри одлуки и долгорочни компромиси, како и преку истрајни и темелни реформи“, истакна Османи во разговорот, упатувајќи на подготвеноста на Владата активно да учествува во промоцијата на европските вредности на Балканот, како суштински елемент во изградбата на посигурна, постабилна и просперитетна Европа.
„Преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија претставуваат можност на дело да се демонстрира кредибилност на европската перспектива, како основно гориво за решавање на конфликтите во регионот, праќајќи со тоа јасен сигнал до сите земји од Западниот Балкан, за европскиот модел што се очекува да биде етаблиран кај сите земји кои сакаат членство во Унијата“, истакна Османи, изразувајќи притоа надеж дека претстојните самити на ЕУ ќе ја потврдат оваа заложба за остварување на заемните интереси.
Телефонскиот разговор со министерката за Европа, Де Моншален, претставува дел од активностите на вицепремиерот Османи со претставниците на европските метрополи, а во пресрет на одлуката за старт на преговорите на октомврискиот самит на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/траја.jpg)
Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта беше извршено примопредавање на директорската функција.
Новиот директор Коце Трајановски ја презеде функцијата од Ејуп Рустеми.
Рустеми го запозна Трајановски со состојбите и функционирањето на претпријатието.
„Денес ја превземав функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Благодарам за дадената доверба од Претседателот на владата Христијан Мицкоски за да го водам ова јавно претпријатие.
Ќе работам чесно и посветено се со цел да се реализираат што повеќе проекти, кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните“, напиша Трајановски на социјалните мрежи.
Македонија
Љутков од Велес: Фолклорот нè идентификува и нè поврзува со светот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/ИФФ-Велес-2024-2.jpg)
Во Младинскиот парк во Велес, вчеравечер свечено беше отворено 19. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2024“.
Во присуство на многубројни гости, Фестивалот за отворен го прогласи министерот Зоран Љутков, кој изрази задоволство што низ годините овој фестивал прерасна во вистински репрезент на фолклорната традиција на народите од повеќе држави во светот, потенцирајќи дека Министерството за култура и туризам останува отворено за поддршка на сите проекти што ја афирмираат културната традиција и посебноста на сите чинители.
– Нема ништо поубаво од тоа од генерација на генерација да се пренесува сето она културно наследство што нè идентификува, што нè прави посебни и препознатливи во европскиот, но и во светскиот културен мозаик. Секоја држава, секоја култура е посебна токму поради шаренилото на културните вредности што имаме обврска да ги чуваме, да ги негуваме и да ги пренесеме на идните генерации – рече Љутков.
Преку настапите на младите уметници, како што рече министерот за култура и туризам, ќе се запознаеме со убавината на фолклорната традиција, музиката, песната и сето она што е обележје на земјите од кои доаѓаат, збогатувајќи го на тој начин културното живеење во Велес.
Честитајќи им на организаторите за посветеноста во реализацијата на Фестивалот, Љутков им посака убав престој во Македонија и во Велес на учесниците, а на посетителите незаборавни мигови со музиката и ората од земјите учеснички.
Љутков изрази уверување дека Меѓународниот фолклорен фестивал „Велес 2024“ и во иднина ќе биде настан на радост и среќа каде што ќе се создаваат спомени кои ќе останат траен запис во историјата на манифестацијата.
Македонија
Средба на претседателот Гаши со посебниот советник за Западен Балкан: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/gashi-frangesh1.jpg)
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со посебниот советник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.
Гаши изрази благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја.
Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби за одржување на прашањето за проширувањето високо на агендата на Европската Унија.
Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро, затоа што и Балканците се Европејци и тоа е во корист не само на овие земји, туку и на самата Унија.
Во таа насока, прашањето за уставните измени како пречка за влез во големото европско семејство треба да се реши што поскоро, а реформскиот процес да продолжи. Помошта и поддршката од посебниот советник Франгеш е добредојдена како одличен познавач на Регионот.
Франгеш на претседателот Гаши му посака успешна работа во новиот мандат, истакнувајќи дека парламентарната демократија е многу важна.
Соговорниците оставија отворена врата за соработка, со почести средби и поактивна улога во наредниот период.