Свет
Лавров: САД играат „многу опасна игра“ со сириските Курди
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини Соединетите Држави дека играат „многу опасна игра“ со сириските Курди, чии борци беа најголеми сојузници на САД во војната против таканаречената Исламска држава во Сирија.
Лавров за време на посетата на Казахстан рече дека САД првично ја поддржувале „квази-државата“ на сириските Курди во североисточна Сирија и сега им ја откажуваат поддршката, пренесе АП.
„Ваквата безмилосна позиција за ова крајно чувствително прашање може да го запали целиот регион и ние мора да го избегнеме тоа по секоја цена“, рече Лавров, пренесуваат руските агенции.
Шефот на руската дипломатија ги повика Дамаск и сириските Курди на дијалог.
Според „Ројтерс“, Лавров исто така рече дека територијалниот интегритет на Сирија мора да биде зачуван.
Портпаролот на турскиот претседател изјави денеска дека турските сили наскоро ќе влезат во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.