Македонија
Спасовски – Даниелсон: Северна Македонија покажа сериозен напредок во пристапувањето кон ЕУ
Северна Македонија е многу важен партнер за Европската комисија, која во изминатиот период покажа сериозен напредок во процесот на пристапување кон ЕУ и исполнување на поставените приоритети. Ова го истакна генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и соседство во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, кој денеска оствари средба во Брисел со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На средбата беше презентиран напредокот кој е направен во спроведувањето на реформската агенда, која ги опфаќа приоритетите во Министерството за внатрешни работи, а се однесуваат на реформите на безбедносно-разузнавачките служби, зајакнување на капацитетите на финансиските истраги, спроведување ефикасни истраги во областа на организираниот криминал, воспоставување на надворешниот механизам за контрола над полицијата, справувањето со нелегалната миграција и трговијата со луѓе и процесот на проверка на вработените во министерството – ветинг.
Министерот Спасовски нагласи дека и во претстојниот период фокусот ќе биде на зајакнување на капацитетите на министерството и другите институции кои се вклучени во борбата против организираниот криминал и корупција, како и на спроведување на финансиските истраги.
На средбата министерот Спасовски ги презентираше активностите на веќе формираната работна група, која има за цел да подготви и презентира концепт за спроведување на проверка на вработените во министерството. Притоа, Спасовски истакна дека ова е многу важен процес кој не смее да биде ниту избрзан, ниту, пак, политички мотивиран, туку треба да се сфати како составен дел од борбата против криминалот и корупцијата и од него не треба да стравуваат чесните професионалци кои ги има во министерството. Во текот на процесот на проверка на вработените нема да се донесуваат брзи одлуки и целиот концепт ќе биде во рамките на правниот систем на Република Северна Македонија, со почитување на принципот на владеење на правото.
Работната посета на министерот Спасовски продолжува со средба со комесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамополус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

