Македонија
(Видео) Трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама во Србија
Премиерот Зоран Заев денеска во Нови Сад ќе учествува на трилатерален состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на владата на Република Албанија, Еди Рама.
Заев во Србија пристигна синоќа и присуствуваше на вечера, организирана од Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ.
„Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ-агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан. Утре со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе разговараме за тоа во Нови Сад. Имаме неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан“, напиша синоќа Заев на „Фејсбук“.
Првиот човек на македонската влада, на социјалните мрежи утрово сподели и видео од обиколка низ Нови Сад, во друштво на Рама, Вучиќ и Брнабиќ.
„Се поврзуваме со соседите за уште поголемо поврзување на нашите народи. Од Нови Сад, градот на музичката атракција Егзит, порачуваме дека Западен Балкан станува извор на соработка и заедништво – Европската Унија е ѕвездата кон која се движиме“, напиша Заев во описот на видеото.
Претходно деновиве српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека со Рама и Заев ќе се сретне за да разговаат за отстранување на бариерите за слободен проток на стока и услуги помеѓу трите држави.
Вучиќ во изјавата оцени дека станува збор за епохална идеја која добила поддршка од македонскиот и албанскиот премиер.
„Сфативме дека поединечно сме мали и слаби и ако се обединиме по прашањето на економските слободи, нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме да се поврземе економски подлабоко, со што драстично би го зголемиле нивото на инвестиции. Таквото опкружување во кое би имале целосна слобода на движење би нè подигнало сите нас, а на оваа тема наидов на целосна отвореност од страна на Рама и Заев“, наведе српскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Заев не е политички активен веќе 5 години, зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно ни се обраќаат со прашања за слободен граѓанин на Македонија“, прашува СДСМ
„ВМРО Ванчовистичка не може, или можеби не сака да сфати дека Зоран Заев не е политички активен веќе пет (со букви), нагласуваме 5 години (со бројка). Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме. Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на Македонија – Зоран Заев“, прашува СДСМ.
„За неколку дена влегуваме во 2026 година. Ако на ѕидот сè уште ви стои стар календар од 2016 година, време е да го смените.
Еве, наскоро ќе биде 15 јануари – ќе поминат точно 10 години откако вашиот тогашен, а и сегашен претседател Никола Груевски не е премиер.
Единствено што можете да нè прашате е: Колку документи за вашите криминални дејствија има АКТ и на колку години затвор се однесуваат тие документи. Вам останува само да одговарате – и тоа пред судот и пред народот!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Прекинат прагот на алармирање во Кичево, престануваат да важат мерките и препораките
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево
Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.
Македонија
Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“
Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ Кафе“ и на Александар Нацев како неформален сопственик на „Рубикон“ денес во дигиталната судница во Идризово продолжува судењето за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Александар Нацев е 35. физичко лице обвинето за пожарот во Кочани, досега беа дадени воведни зборови за 34 обвинети физички лица и за едно правно лице од вкупно три правни лица обвинети за пожарот во „Пулс“. Сите кажаа дека не чувствуваат вина за пожарот.
По воведните зборови на одбраната судот ќе почне со сослушување сведоци предложени од Обвинителството.
Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, односно оти од 2012 година до пожарот со постапување, но и со непостапување придонеле за катастрофалниот пожар. Меѓу обвинетите се поранешни министри за економија и вработени во Министерството, градоначалници на Кочани, градежни инспектори од Општината, инспектори од Државниот пазарен инспекторат, проектанти, менаџери на локалот, обезбедувачи, а првообвинет е сопственикот на „Пулс“.

