Забава
(Видео) Луксузно крстарење се претворило во кошмар: Патниците си ги бараат парите назад

Двонеделниот одмор од соништата за илјадници патници на луксузниот крузер „Норвиџен спирит“ се претвори во кошмар, а патниците сега бараат да им се вратат парите.
Повеќе од 2.000 туристи платиле и до 5.300 фунти (околу 6.000 евра) за крстарење на норвешките фјордови, а патувањето требало да вклучи и посета на Франција, Амстердам и Исланд.
There are passengers from all over the world on this ship. Set to dock in SouthHampton Friday the 11th. Media should interview trapped passengers as they escape this nightmare. pic.twitter.com/v651i6MUPM
— NCLHELL (@NCLHELL1) October 9, 2019
Патниците тврдат дека проблемите започнале веднаш по тргнувањето. Првото пристаниште во кое требало да застанат било Амстердам, пренесува News.com.eu, но поради силно невреме посетата била откажана, а новата дестинација била Ле Авр во Франција.
Но, тоа не била единствената промена. Крузерот исто така пристигнал во, како што кажуваат патниците, пуст норвешки град затворен за туристи, а потоа наместо на Исланд бил пренасочен во пристаниште недалеку од Глазгов. Сепак, бродот долг 274 метри не добил дозвола да се закотви, па капетанот одлучил да го пренасочи во Белфаст.
Патниците веќе биле прилично нервозни и лути бидејќи минале три дена на море и тоалетите почнале да се расипуваат. Тие побарале да бидат вратени во Лондон, како и да им бидат вратени парите што ги платиле за крстарењето, а дополнителен проблем настанал и кога агенцијата „Норвиџен круз лајн“ одбила да им го врати целиот износ што го платиле. Наместо тоа, им биле понудени ваучери со 25% попуст за следното патување.
„На бродот имаше многу нервозни луѓе, а никој не ни објаснуваше што точно се случува, што предизвика незадоволство и револт кај патниците. Ова беше кошмар од патување. Тоалетите се распаднаа, не работеа и почнаа да се излеваат“, објаснил еден од патниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.