Македонија
Алтернатива почува кампања за спречување на иселувањето
Централното претседателство на Алтернатива донесе одлука која синоќа беше прифатена и од Централното собрание на партијата, за прогласување на новата политичка платформа под наслов „Наше огниште – наша Алтернатива“.
Синоќа по неколкучасовна дебата во двата органи на партија, беше донесена одлука од денес Алтернатива да започне со промоција на кампањата за сензибилизација, која е артикулирана преку платформата за спречување на иселувањето „Наше огниште – наша Алтернатива“
Алтернатива смета дека во време кога интеграциониот процес на земјата е на добар пат и нема враќање од тоа, не е тешко да се констатира дека, покрај низа незатворени проблеми, како што се меѓуетничките односи, но и високата корупција и недоволно присуство на правната држава, најголем проблем за Северна Македонија, следствено и за Албанците во ова држава, е масовното иселување на младите и испразнувањето на нашите населени места.
Алтернатива, како десничарска партија која се ангажира за зачувување на населението во овие краишта и не сака да остане рамнодушна кон овој проблем, смета дека спречувањето на иселувањето е наша историска, етничка, културна и религиозна должност, информира партијата.
За таа цел, Алтернатива подготви документ, во кој се идентификувани причините на иселувањето, но и мерките кои треба да се преземаат за спречување на таа појава. Тука е почетокот на кампањата за сензибилизација, но и синтетизираниот програмски идентитет на Алтернатива.
„Идејата на нашиот политички субјект е ова кампања да се реализира низ три фази: 1) во првата фаза ќе се спроведе акција за сензибилизација против иселувањето, но и комуникација со граѓаните за да се слушнат непосредно од нив причините за оваа појава, како и нивните предлози за спречување на истата: 2) втората фаза предвидува трибини, панели и дебати со експерти од различни области, во кои ќе се дискутира за причините на иселувањето, како и за мерките за спречување на оваа појава: и 3) во последната фаза, откако ќе се резимираат сите податоци од првите две фази, Алтернатива ќе ѝ предложи на Владата на Северна Македонија една „Национална стратегија за спречување на иселувањето на населението“, која откако ќе биде усвоена, ќе почне со имплементација на предложените мерки.
Затоа од денес челниците, функционерите и другите претставници на партијата ќе бидат на терен, да поразговараат со граѓаните и да го слушаат нивниот глас за овој проблем. Како политичка партија која секогаш е покрај граѓаните, сметаме дека единствениот начин за автентично претставување на граѓаните е преку непосредно слушање на нивниот глас и при директен контакт со нив. Нашите огништа се аманет за нас“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

