Македонија
(Видео) Интервју со Мицкоски: Може поседуваме, може не, снимки за „Рекет 2“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Макфакс“ рече дека ги продал уделите од седум проценти во хидроцентралите за кои антикорупциската комисија му отвори предмет.
Мицковски рече дека не однел снимки во Будимпешта од домот на Орце Камчев од аферата „Рекет“ и дека тоа се „злонамерни шпекулации“. „Со Груевски немам комуникација откако ја напушти Македонија, а со господинот новинар не се познавам“, рече Мицкоски. Орце Камчев, како што рече, не донирал пари за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа дали добил снимки за случајот „Рекет 2“ од осомничениот Зоран Милевски – Кичеец, не беше конкретен и рече „Можеби поседуваме, можеби не“, кажа претседателот на опозициската партија.
Мицкоски рече дека не го слушнал премиерот Зоран Заев, каде што кажува дека осомничената пратеничка Фросина Ременски ќе биде оддалечена од партијата поради отворената истрага. Тој кажа дека осомничувањето на Ременски е поради партиските пресметки во СДСМ. „Можеби најдоблесно ќе биде Заев да се дистанцира од самиот себе“, рече Мицкоски.
„ВМРО-ДПМНЕ во моментов повеќе должи“, рече Мицкоски одговарајќи на прашањето колку финансиски тежи партијата. Рече дека ВМРО-ДПМНЕ не контролира и не финансира медиуми, а дека одлуката за повлекување на почесниот претседател Никола Груевски била според статутот на партијата, кој е во фаза на нацрт.
Мицкоски рече дека e горд што не учествувале во преспанскиот договор и дека ќе понесат одговорност ако ги изгубат изборите: „Се разбира, да. Ќе понесам одговорност доколку тие избори бидат фер, транспарентни, да, ќе понесам одговорност и ќе поднесам оставка. И не само тоа. Ќе одам и чекор понатаму. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност“, рече Мицковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: ДУИ партнер на Левица, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, ЛЕВИЦА на Димитар Апасиев. Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со ЛЕВИЦА, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг“, велат од „Влен“.
„Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од претседателот на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица за да ги спречи промените.
Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани. За Ахмети и неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање.
ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Рашче, Бојане, Копаница, Горно и Долно Свиларе, Радуша и Кондово (Општина Сарај ) и дел од нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с. Таор. (Општина Зелениково)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на дел од ул.Благоја Гојан и ул. Рилски конгрес.(општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Коле Неделковски, (од ул. Ленинова до Градинката). (Општина Центар)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Домазетовска во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Осло. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците во околината на објектот на ул. Козле бр. 149. (Општина Карпош)
· од 09:30 до 12:00 часот, корисниците од улиците: Речиште и Герника во с. Драчево. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица.