Македонија
Заев верува дека Франција нема да биде пречка за ЕУ, Тимоние тврди дека се мотивирани за соработка
Премиерот Зоран Заев верува дека Франција нема да биде пречка за добивањето на датумот за преговори со Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање, по свеченоста за доделување на наградите „11 Октомври“ во Собранието, Заев рече дека е отворена дебата во функција на идните методолошки пристапи во преговарачките процес, но Франција е голем пријател на земјава.
„Се бара методологија која ќе ги забрза преговорите, но може и да ги врати назад кога не успеваат државите. Тоа е фер позиција бидејќи ние не сакаме само да преговораме и да отвораме и затвораме поглавја. Сакаме да се трансформираме кон подобро и да станеме еднаква земја и народ со Европа и европските народи. Верувам низ потребата на Франција и други земји да се вгради една таква методологија, сепак, нема да биде пречка за донесување на одлуката за почеток на преговори со ЕУ“, рече Заев.
Тој додаде дека нема земја која денес е членка на ЕУ или преговара со Унијата, а која направила повеќе од нас за да ја добие заслужената одлука за почеток на преговорите.
Денеска својот став го изнесе и францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние кој од Куманово изјави дека датумот е едно, а друго се принципите.
Одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста по повод 11 Октомври, Тимоние рече дека на Северна Македонија, по досегашните напори и она што допрва ќе следува, местото ѝ е во Европската Унија.
„Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка“, изјави Тимоние.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

