Свет
Курдите негираат дека е заземен пограничен град во Сирија

Курдските Сириски демократски сили (СДФ) негираа дека силите поддржани од Турција ја презеле контролата над центарот на градот Рас ал Ајин, во североисточна Сирија.
Тие тврдат дека турските сојузници влегле во дел на Рас ал Ајин, што е индустриски округ, а по повеќечасовно гранатирање што довело до тактичко повлекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Швајцарија планира укинување на даночната казна за брак

Швајцарија планира да го укине системот на заедничко оданочување на брачни парови, кој често доведува до повисоки даноци отколку за невенчани двојки.
Поддржувачите велат дека оваа промена ќе поттикне повеќе жени да работат и ќе ја усогласи земјата со практиките на повеќето држави од ОЕЦД.
Сепак, конзервативни партии и црковни групи најавуваат иницијатива за референдум, тврдејќи дека реформата ги казнува семејствата со еден примател на приход и би создала милион дополнителни даночни пријави.
Владата проценува дека половина од граѓаните би имале корист, а 14 проценти би биле во полоша положба, додека годишните приходи од даноци би се намалиле за околу една милијарда франци.
Свет
Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека започнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски.
Во изјава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ја опиша средбата со украинскиот претседател и другите европски партнери „многу добра“.
Во Белата куќа присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стаб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Yesterday, important talks took place in Washington with the President of the United States and European leaders. This was truly a significant step toward ending the war and ensuring the security of Ukraine and our people. We are already working on the concrete content of the… pic.twitter.com/FXGnQfcdzz
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2025
Зеленски се огласи на социјаните мрежи
„Вчера во Вашингтон се одржаа важни разговори со претседателот на Соединетите Американски Држави и европските лидери. Ова беше навистина значаен чекор кон завршување на војната и обезбедување на безбедноста на Украина и нашиот народ.
Веќе работиме на специфичната содржина на безбедносните гаранции. Денес продолжуваме со координацијата на ниво на лидери. Ќе има дискусии и подготвуваме соодветни формати. Ќе продолжиме да работиме утре. Советниците за национална безбедност сега се исто така во постојан контакт. Ќе има безбедносни гаранции.
Им се заблагодарувам на сите наши партнери за нивната решителност и поддршка. Украина ја чувствува оваа сила. И ние ќе направиме сè за да го направиме патот кон мирот реалност – преку партнерство, преку безбедносни гаранции и преку храброста на украинскиот народ“, објави Зеленски на Икс.
Регион
Затвореник им побегна на полицајците во Грција кога излегол на цигара: „Опасен е, отворете четири очи“

Дваесет и осумгодишен маж вчера избега од Општата болница во Костур во Грција, каде што беше задржан под полициска придружба по операцијата. Во тек е општа потрага по него, па властите апелираат до јавноста да отори четири очи.
Според извештаите на грчките медиуми, затвореникот, државјанин на Албанија, ја искористил небрежноста на двајца полицајци кои го чувале. Наводно, тој успеал да избега кога му дозволиле да излезе надвор на цигара.
Мажот неодамна беше уапсен за кршење на законот за странци, поседување дрога и непослушност, додека против него се водеа неколку многу сериозни судски постапки – 12 години затвор и парична казна од 50.000 евра за кршење на законот за дрога, а за негово апсење има и налог од Апелациониот суд во Солун.
Полицијата интензивно го бара на северот од земјата, со континуирани проверки на раскрсниците, патиштата и возилата што се движат кон Лерин, Кожани и границата со Албанија. Во исто време, се истражуваат околностите под кои затвореникот успеал да избега, додека случајот покрена прашања за начинот на кој бил приведен.
Треба да се напомене дека бегалецот неодамна бил повреден во обид да избега преку нерегулиран граничен премин кон Албанија со помош на 29-годишен сонародник, при што ја скршил ногата и бил префрлен во болница во Костур на операција, од каде подоцна успеал да избега.