Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту моторот со кој се шета низ Македонија
Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту моторот „бмв“ од 30.000 евра, со кој се шета низ Македонија. Тој е на фирмата „Тотал инженеринг“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него, Заев е предводник на кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси – од транспорт за РЕК „Битола“ и правење ајвар до ископ на глина преку плантажи за марихуана.
„Во Македонија царува основаната перцепција за злоупотреба на моќта од политичка функција. Вршењето јавна функција на политичари додека истовремено се сопственици или влијателни акционери на компании остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата. Примери за тоа има многу, од тендерите во здравството, преку примери со вицепремиерот и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации, но најекспонирани се примерите на премиерот Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство. Ќе ги прочитам, „Фарма медика“, „Тргопродукт“, „Мамас фуд“, „Омни градба“, „Центроштепед“, „Тотал електроник“, „Еленица“, „Пеон“, „Сара Јавор“, „Тотал инженеринг“, „Сара инженеринг“, „Дравас инженеринг“, „Електринженеринг“. Сите овие компании се на семејството Заеви, ова се компаниите за кои има огромен број афери. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“ до транспорт, градби, ископи, заеми, до полиња со марихуана. И во нив се споменувани имињата на семејството на власт“, рече Стоилковски.
Тој обвини дека фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК „Битола“, експресниот пат Штип – Струмица и други градилишта финансирани од државата.
„Ова е само еден пример. Фирма на кланот Заеви доби дозвола за одгледување медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, над 20.000 м2, за цена на една гарсониера. Фирми на Заеви стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради за суми од 40.000 евра, а се вредни десетици пати повеќе“, рече тој.
Стоилковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи, како што рече, отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.
„Формалното бришење од сопственост или формалното замрзнување на своето дејствување во компаниите на политичарите што истовремено се и јавни функционери, како Заев, како Анѓушев, отвораат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Христијан Мицкоски, го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат тоа. Доколку не го сторат тоа, само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција, се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните компании“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Не постои посовршено место од дома, а патот до него сега е полесен
Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање.
Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци и обврски што влијаат врз целокупното искуство.
Помалку формалности, повеќе простор за живот
Халкбанк АД Скопје нуди промотивна можност за станбен кредит без нотарски трошоци, со важност заклучно со 31.01.2026 година. На овој начин, купувањето недвижност започнува без една од вообичаените дополнителни ставки што често доаѓаат во чувствителен момент. Наместо на тие формалности, вниманието може да остане на уредувањето, вселувањето и секојдневието што допрва ќе се гради во новиот простор.
Долгорочен пристап со јасни услови
Станбениот кредит на Халкбанк е креиран да се прилагоди на животниот ритам, со рок на отплата до 30 години. Каматните стапки започнуваат од 3,2% фиксна каматна стапка за првите 10 години, провизијата за обработка изнесува 0%, а кредитот е достапен и со можност за грејс период до 12 месеци. Износот може да достигне до 400.000 евра, со минимум 10% учество, доколку станува збор за купување на прв стан.
Сигурност што носи спокој
Дополнителната сигурност доаѓа преку полиса за животно осигурување од „Триглав Осигурување – Живот“, која обезбедува заштита за клиентот и неговото семејство. Различните опции овозможуваат избор според индивидуалните потреби, а дел од нив нудат и поврат на премијата, со што се оптимизираат вкупните трошоци на долг рок.
Дом по ваша мерка
Понудата е наменета за купување стан или куќа, недвижност во градба, како и за рефинансирање постоечки станбени кредити од други банки. Таа одговара на различни животни приказни, од прв дом, до нов почеток со повеќе мир и подобра организација на обврските.
Во празничните денови, кога највредни стануваат тивките мигови, разговорите и чувството на припадност, домот го добива своето вистинско значење. Со помалку грижи на почетокот, секој нов почеток може да биде потопол, посигурен и похармоничен.
(ПР)
Соопштенија
Мали ритуали – големи надежи со игрите на среќа на Државната лотарија
Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж и исчекување. Тие претставуваат мала пауза од рутината – простор за сонување во кој луѓето си ги проектираат сопствените желби. Во тие мигови очекувањето станува дел од доживувањето, а играта добива посебна вредност.
За многумина од играчите, игрите на среќа се поврзани со мали лични ритуали и верувања што му даваат автентичност на секое индивидуално искуство и го прават самиот момент попосебен.
Без разлика дали станува збор за креирање лото комбинација од среќни броеви или купување инстант лозови, ритуалите се секогаш присутни како невидлив соиграч на патот до големите добивки.
Среќните броеви на лото ливчето ретко се само случаен избор. Зад нив стојат лични приказни, моменти и емоции, кои на бројките им даваат значење. За некои тоа се родендените на најблиските, за други датумот на венчавка или други датуми значајни за нив. Многу луѓе ги избираат истите броеви со години како симбол на континуитет и како знак дека нешто познато и свое останува непроменето.
Освен бројките, секој има и сопствени навики и ритуали. Некои играчи сакаат да ја предизвикаат среќата сами, некои во друштво со пријателите, за други е важно да ги уплаќаат своите комбинации на истото место или секогаш во ист ден од неделата. Некој го зема првиот лоз од купчето, некој сака самиот да избира, некои имаат омилен инстант лоз, други избираат различни, а некои секогаш купуваат точно одреден број инстант лозови. Ритуалите се инстинктивен обид за дофат до среќата и во свет полн со промени тие остануваат константа.
Интересно е што овие практики и среќни броеви често се пренесуваат низ генерации. Комбинации што се играат со години и навики што се повторуваат прераснуваат во традиција што ги поврзува луѓето. Приказните и верувањата што стојат зад ритуалите ги трансформираат игрите на среќа во нешто повеќе од случајност и бројки. Токму тие моменти носат дел од среќата и потсетуваат дека надежта е важен дел од секојдневието.
(ПР)
Соопштенија
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и „Зегин“ доделуваат стипендии за студенти на Фармацевтскиот факултет
Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин доделија 14 стипендии за студентите запишани во прв и втор интегриран циклус на студии на Фармацевтскиот факултет при универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Стипендиите се насочени кон поддршка и охрабрување на идните професионалци во фармацевтските науки.

Фармацевтите играат витална улога во здравствената заштита. Тие обезбедуваат безбедна употреба на лекови, ги поддржуваат лекарите и ги насочуваат пациентите кон подобро здравје. Доделувањето на овие стипендии е можност за студентите да се почувствуваат поддржани, а со тоа да постигнат подобри академски резултати и понатаму да придонесат значајно во здравствениот систем.

Христина Маханџиска Георгиевска, една од сопственичките на компанијата Зегин истакна: „Оваа соработка е резултат на заедничка визија во која образованието и знаењето на младите кадри се темел на развојот на фармацевтската професија и здравствениот систем во нашата држава. Преку овие стипендии вложуваме во оние кои покажуваат посветеност, одговорност и искрена желба за напредок. Оваа активност ја спроведува Фондацијата д-р Верица Маханџиска која меѓу другото е посветена и на мотивирање на општествен развој преку поддршка на човечкиот капитал.“

Деканот на Фармацевтскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Проф. д-р Зоран Стерјев, изрази благодарност за поддршката на студентите и истакна дека на овој начин студентите можат да се фокусираат на учење и развивање вештини со цел да придонесат кон развој на општеството. Оваа програма за поддршка на студенти овозможува да се отстранат финансиските бариери и секој студент да има можност да постигне подобри академски резултати.
Оваа иницијатива ги нагласува континуираните напори на Фондацијата д-р Верица Маханџиска и компанијата Зегин да придонесат кон општествен развој и еднакви можности за сите.
(ПР)

