Македонија
Почна првиот онлајн-саем за вработување во Македонија: 550 огласи во регионот чекаат на вас
Иднината на вработувањето се случува овде и сега – бидете дел!
Ако барате нова работа или шанса за почеток на вашата кариера, подгответе го вашето CV за првиот онлајн саем за вработување во Македонија – www.denovizavrabotuvanje.mk.
Саемот започна денес, а ќе трае во наредните осум дена. Организатор е Vrabotuvanje.com, во соработка со своите партнерски портали MojPosao (Хрватска), Infostud (Србија) и Posao.ba (БиХ).
На саемот учествуваат 83 реномирани компании од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Се што ви треба за да ги посетите штандовите на било која од нив е пристап до интернет. Саемот е достапен за сите, од секаде и посетата е целосно бесплатна.
Саемот годинава бележи рекорден број на огласи и изложувачи, па за да можете полесно да се снајдете во пребарувањето истите се поделени во четири тематски капсули: Трговија, ИКТ, Финансии и Образование.
Покрај можноста да аплицирате за некои од вкупно 550 слободни позиции во било која од 4те земји учеснички на саемот, лесно може да стапите во комуникација во реално време со претставник од компанијата, користејќи ја опцијата чат.
Освен тоа, сите учесници на саемот имаат можност да учествуваат во виртуелниот настан “Лов на богатство“ кој може да им донесе вредни награди, како што се: iPhone X 64 GB, Лаптоп LENOVO V130, Електричен тротинет XIAOMI M365 и Спортски часовник HUAWEI GT Active.
Штандовитте на А1 Македонија, Кроациа Осигурување – Живот, Teleperformance, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Van Hool, Apave, Asseco, Kromberg & Schubert, Lactalis, Marquardt, Kessler, Nelt ST, ParkLand Hospitality Group, Vrabotuvanje.com и голем број други компании во регионот се отворени и ве очекуваат на www.denovizavrabotuvanje.mk.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес.
Цеца се завитка во бугарското знаме, што предизвика негодување кај публиката на концертот, по што таа објасни:
„Не е чудно што секогаш сум среќна да го прифатам секое знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојата публика, мојот народ. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа некој. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам за прекрасната вечер, за прекрасната енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно. Имавме концерт“, вели Цеца, а за реакциите и бунтот на социјалните мрежи кажа:
„Реакциите се случија во салата, помеѓу мојата публика и мене. Знаеме како се забавувавме – што беше убаво, а што не беше убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно во Велес таа вечер знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене“, нагласи таа за Блиц.
На концертот таа потоа го крена и македонското знаме.
Македонија
Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април
Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор.
Од она што досега е познато, Ѓорѓиевски бил болен и неговата состојба била оценета како тешка.
„Почивај во Мир Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата, напиша Горан Ангелов на социјалните мрежи.
Македонија
Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од објекти на јавни инсталации кои се од посебно значење за сигурноста на луѓето и имотот.
Обвинетите, заедно и со други лица кои се уште не се идентификувани, во периодот од март до почетокот на мај годинава, од кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, односно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра.
Во повеќе наврати, преку отвори со скалила кои водат во подземните тунели, обвинетите влегувале од погонот на „Полуконти –ИГМ“ и откако со апарат се уверувале дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале до влезот од тунелите. Поради нивните дејствија, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ со кој била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации за чие санирање биле потребни повеќе од 100 илјади евра, а не се реализирало и планираното производство и дистрибуција на електрична енергија кон крајните корисници на електрична енергија за период на санација на дефектите во вредност околу 60 илјади евра.
Потоа на 6 мај, сите тројца обвинети заедно, со возило Фолксваген голф дошле до објектот и ги подготвувале каблите за транспорт. Но, при удар со кабел едниот осомничен бил повреден и тројцата отишле најпрво на Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани повреди и му била укажана лекарска помош. Потоа сите тројца се вратиле во објектот, ги зеле алатите кои ги оставиле и се обиделе да го напуштат местото, но биле затекнати и лишени од слобода веднаш по излезот од кругот на „Железара“.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за сите тројца обвинети, бидејќи се уште постојат опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоци и ризикот да го повторат делото како основи поради кои таа мерка беше првично побарана и определена.

