Македонија
(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот Регион, кои се занимаваат со прашања од областа на заштитата на животната средина.
Според објавите на „Екогерила“ и Ta shpëtojmë Kodrën e Diellit на „Фејсбук“, километри траса се сечат за да се изградат зафати и цевководи за хидроелектрани. Тие најавуваат голем народен собир викендов во Лешница.
Тие апелираат да престане уништувањето на шумите и да запре изградбата на хидроцентралите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите заинтересирани дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година.
ДОСТАПНИ МЕРКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА:
МЕРКА 1 – Финансиска поддршка во рибарството:
• Потточка 1.6 – Дополнителна заштита на рибите во риболовните води:
o до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони;
o до 150.000 денари за заштита на риболовни зони;
o до 400.000 денари за заштита на риболовни подрачја.
Средствата од Потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите.
• Потточка 1.7 – Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води (до 30.000 денари);
Средствата од Потточка 1.7 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за набавка на опрема за видео надзор на риболовните води.
• Потточка 1.8 – Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина (до 60.000 денари).
Средствата од Потточка 1.8 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за изведување на акции за чистење на препреки и отстранување на цврстиот отпад од и до риболовните води.
Право на користење на овие средства за МЕРКА 1 имаат концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов
МЕРКА 2 – Финансиска поддршка во аквакултурата:
• Потточка 2.2 – Финансиска поддршка за порибителен материјал (50% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок).
Средствата од Потточка 2.2 се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 10 февруари до 31 мај и од 1 јули до 31 октомври 2025 година.
Право на користење на овие средства од Потточка 2.2 имаат:
• Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
• Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет дување на рибникот.
МЕРКА 4 – Развој на нови пазари и промотивни кампањи:
• Потточка 4.1 – Финансиска поддршка за промоција на рибарство ;
Средствата од Потточка 4.1 се наменети за надомест на трошоци за промоција на производи од рибарство за традиционална посебност.
Право на користење на овие средства од Потточка 4.1 имаат рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби.
• Потточка 4.2 – Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство
Средствата од Потточка 4.2 се наменети за надомест на трошоци за промоција и маркетинг на аквакултурното производство и спроведување на национални кампањи за промоција и маркетинг за производи од аквакултура.
Право на користење на средства од Потточка 4.2 имаат субјекти регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството и/или организации на производители запишани во Регистарот на организации на производители кој се води во Министерството.
Министерството ги повикува сите заинтересирани субјекти да се запознаат со деталните услови и критериуми утврдени во Јавниот повик и навремено да ги достават своите барања.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Првенците од Кисела Вода ќе летуваат бесплатно

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски им додели награди на најдобрите ученици, првенци на генерацијата од сите осум основни училишта на територијата на општината.
Вкупно 24 ученици, односно тројцата најуспешни ученици од секое училиште, добија бесплатно летување во летниот едукативно-рекреативен камп SCOUT во Охрид, додека девет од нив, кои според рангирањето имаа најголем број на поени, беа дополнително наградени со висококвалитетни очила за сонце, извести општина Кисела Вода.
„Оваа активност е дел од јасната и доследна заложба на општината да препознае, поддржи и да ги награди трудот и знаењето кај младите, но и да создаде амбиент во кој успехот се вреднува, а учениците се мотивираат да продолжат по патот на учење и личен раст.
Општина Кисела Вода, преку ваквите проекти, ја исполнува својата мисија да гради стимулативна средина во која секое дете ќе има шанса за напредок и афирмација, препознавајќи го образованието како клучна алатка за индивидуален и општествен развој“, соопштува Општината.
„Ние како општина градиме систем кој ги поддржува младите и им дава поттик да се стремат кон повеќе. На овој начин не само што им ги честитаме извонредните достигнувања на овие млади луѓе, туку и испраќаме порака до сите ученици дека трудот, знаењето и истрајноста секогаш ќе бидат препознаени и наградени. Остануваме посветени на креирање услови во кои секое дете ќе има можност да расте, да се развива и да го реализира својот потенцијал. Горди сме што во Кисела Вода растат генерации што ветуваат“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
Страшевски во завршните зборови истакна дека не е јасно наведено какви дејствија презел Палевски, обвинителниот акт е контрадикторен и непрецизен и ја извртува вистината со намера јавноста и судот да добијат искривена слика. Рече дека Обвинителството не би можело да ги докаже своите тези, ни во следните 10 години бидејќи Палевски не ги сторил убиствата.
„Нема докази и наместо Јавното обвинителство да ја сопре постапката, поднесе обвинителен акт со низа законски пропусти. Пресудата беше однапред најавена дури и пред да почне постапката, а медиумите тоа го презентираа, без почитување на уставното право на презумпција на невиност“, рече Страшевски во завршните зборови.
Адвокатот рече и дека судијата на претходна постапка одлучувал без доставени докази, само врз основа на обвинението, што е прекршување на Законот за кривична постапка. Вели дека во обвинителниот акт, според листата на докази, не се наведени цврсти факти со кои надвор од разумен сомнеж се докажува дека Палевски ги организирал и извршил злосторствата.
Страшевки рече дека Обвинителството не го докажало ниту времето на убиството на Панче, а за убиството на Вања мотивот останал непознат. Од истрагата, истакна адвокатот на Палевски, останаа многу неодговорени прашања.