Свет
Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами
Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста по што училиште во Индија се извини откако беше обелоденето дека студенти во текот на испитот носат картонски кутии на главите за да се спречат измамите.
Според надлежните в училиштето, станува збор за пробен период за новата мерка којашто се применува од средата во колеџот во Хавери, во југозападна индиска држава Карнатака. Еден член на персоналот ги фотографирал студентите кои седеле во клупите, со глави покриени со картонски кутии.
Предниот дел од кутиите бил исечен, дозволувајќи им на учениците да ги гледаат само листовите за испити, но не и околината. Училиштето се соочи со големи критики откако фотографиите излегоа во јавност. Суреш Кумар, државен министер за образование, на Твит порача дека практиката на училиштето е „неприфатлива“.

„Никој нема право да се однесува со никого како животно“, напиша Кумар. „Со оваа перверзија ќе се справиме соодветно“.
Училиштето писмено го образложи проектот и се извини. Според директорот М.Б. Сатеш, учеството во овој пробен метод било доброволно, а училиштето однапред ги известило родителите. Во него биле вклучени само ученици со родителско одобрение.
„Од 72 студенти кои полагале испити тој ден, само 56 учествуваа во експериментот со кутии“, изјави директорот.
„Учениците донесоа свои кутии на училиште, а многумина ги извадија по 15 до 30 минути“, рече Сатеш. Училиштето ги замоли сите ученици да ги извадат кутиите по еден час од почетокот на испитот.
Во последните неколку години има голем број скандали со мамење во Индија. Во Индија образованието е шанса за многумина да обезбедат егзистенција и да се спасат од сиромаштијата. Сепак, ова исто така значи дека многу студенти се под голем притисок не само да положат испити туку да ги надминат очекувањата по секоја цена.
Критичарите посочија на ваквите притисоци како мотиватор за измама и извор на лошо ментално здравје кај студентите – на почетокот од годинава, 19 студенти во јужната индиска држава Телангана си го одзедоа животот по објавувањето на резултатите од испитот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Израелскиот министер: Никогаш целосно нема да ги повлечеме трупите од Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа. Според него, во Газа ќе остане значајна безбедносна зона, дури и доколку се премине во следна фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и доколку Хамас биде разоружан.
Кац најави дека безбедносната зона би се протегала внатре во Газа, а на северот на Појасот би можеле да се формираат и израелски доселенички јадра за нејзина заштита. Тој, како член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ова повторно се спротивстави на делови од американскиот мировен план што предвидуваат целосно повлекување на израелските сили од Газа.
По претходните критики дека ги ублажил ставовите, Кац денеска порача дека не се повлекува од изјавите, додавајќи: „Возам наназад само во автомобил.“
Свет
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај на војната по разговорите со луѓето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со луѓе од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп – специјалниот изасланик Стив Виткоф и Џаред Кушнер – за можни начини за завршување на војната со Русија. Според Зеленски, се појавиле „нови идеи“ поврзани со форматот на преговорите, средбите и временската рамка.
Трамп се залага за мировен договор, а неговите преговарачи работат на план што постепено напредува. Зеленски претходно претстави нацрт-мировен план од 20 точки, кој е скратена верзија на постар предлог од 28 точки. Клучните територијални прашања сè уште не се решени и, според Зеленски, за најчувствителните теми ќе биде потребна директна средба со Трамп.
Од руската страна, Кремљ соопшти дека ги анализира документите поврзани со можниот крај на војната, додека Москва изрази незадоволство од украинскиот план, особено околу Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски најави и нови разговори меѓу украинските и американските преговарачи, нагласувајќи дека работат постојано за да се приближи крајот на војната.

