Македонија
(Видео) Специјалците „апсеа“ разбојници што украле артефакти од музеј
На показната вежба, чие сценарио беше замислено како разбојништво извршено од страна на тричлена група во јавна установа – музеј, од каде што се земени вредни артефакти, припадници на повеќе организациски единици (одделите за специјални полициски операции и за воздухопловни сили, како и припадници на СВР Скопје и Регионалниот центар за гранични работи Север) презентираа полициска операција на лоцирање и елиминирање на разбојниците.
„Ефикасно изведените вежбовни активности се плод на континуирана професионална и стручна едукација, тренинг и обука на полициските службеници, кои се јасен показател дека полицијата е подготвена да ги заштити јавниот ред и мир, сигурноста на граѓаните, безбедноста на државата во целина“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето до припадниците на повеќе полициски единици при МВР, учесници на оперативно-тактичката вежба „Плен“, што се одржа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Министерот Спасовски вежбата ја проследи заедно со неговиот косовски колега, министерот за внатрешни работи Екрем Мустафа, кој ја предводеше делегацијата од соседната држава, со која денеска беше потпишан и протоколот за соработка меѓу двете министeрства за создавање работни тимови со цел решавање на прашањата што се појавуваат во текот на меѓусебната соработка.
„Интенцијата е да се динамизира и продлабочи меѓусебната соработка во многу области на полициското дејствување од заеднички интерес за нашите две земји и нашите граѓани, како и размената на информации за конкретни случаи во соработката“, потенцира министерот Спасовски.
Истакнувајќи ја важноста на припадниците на полицијата, министерот Спасовски пред учесниците на вежбата ја истакна заложбата за што поквалитетни предуслови за работа: „Со задоволство можам да ве известам дека во наредниот период, а најдоцна до крајот на 2019, ќе следува целосна реконструкција на кошаркарските и одбојкарските игралишта, овде, во полицискиот центар, а на почетокот на 2020 се очекува тие да бидат ставени во функција. Планирано е на почетокот на ноември да ги промовираме и новите десет интервентни комбиња наменети за единиците ЕБР, ПЕП и ЕСЗ, а до првата половина на декември веќе е нарачана и ќе пристигне спортската опрема за сите припадници на единиците ЕБР, ЕСЗ и за ПЕП, како и 300 комплети опрема за интервенции при нарушен јавен ред и мир, кои до крајот на годината ќе бидат испорачани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

