Регион
Холандски експерт предлага „пробно членство“ на Балканот во ЕУ
Јан Маринус Виерсма од холандскиот Институт за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ за земјите од Западен Балкан во ЕУ во траење од две години.
Виерсма смета дека треба да се воведе поинаков систем на надгледување на реформите во земјите кандидати во регионот, како и зголемени инвестиции.
„Пробното членство“, според него, ќе значи дека земјата кандидат нема право на глас, но може да учествува на состаноците и самитите на Унијата.
„Ова може да ги охрабри земјите што се скептични во врска со новите членки, како што е Франција“, изјави Виерсма за порталот „Јуропијан вестерн балканс“, a пренесе агенцијата „Танјуг“.
Исто така, тој предлага зголемени инвестиции на ЕУ во земјите кандидати.
Според него, повеќето граѓани на ЕУ гледаат проблем во тоа Турција да стане членка на ЕУ и тоа е една од причините што се спротивставуваат на проширувањето.
Како што вели Холанѓанецот, во Брисел преовладува мислењето дека воведувањето нови членки, предводени од авторитарни режими, би ги нарушило односите во самата Унија.
Тој вели дека претседателите на Црна Гора и Србија, Мило Џукановиќ и Александар Вучиќ, се донекаде авторитативни, додека албанскиот премиер Еди Рама го гледа како „голем шеф“ во Албанија. За македонскиот премиер Зоран Заев, Виерсма смета дека има различен профил од останатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.