Македонија
(Видео) Ѓорчев: Со изборите доаѓаат и промените во земјава
Пратеникот Влатко Ѓорчев денес во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ имаше средба со граѓаните на Демир Капија.Ѓорчев пред присутните истакна дека за многу брзо следува техничка влада, а потоа следуваат и избори, а на нив доаѓаат промените во Македонија, кога тогаш сите кои вршат криминалии, притисоци и ги заплашуваат граѓаните ќе треба да одговараат пред законите.
„Имаме уште 60 дена додека да имаме широка влада и порачајте им на оние кои се закануваат на оние кој се шетаат со прстот кренат горе по канцелариите, на оние кои заплашуваат, на оние кои вршат непринципиелни притисоци,дека доаѓаат промените,дека тоа не е во ред што го прават и дека за сето она што и се случува на Македонија за сите криминали, корупции, за сите незаконски работи, за сите оние притисоци кои ги гледаме, ќе има одговорност за многу кратко време“, посочи Ѓорчев.
Тој вели Ѓорчев дека за 6 месеци ќе има нова влада и дека доаѓа новата влада на Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. Тој ги повика граѓаните на Демир Капија да ги соопштат своите проблеми, а спрема тие потреби на граѓаните,ќе се креира идната програма на ВМРО-ДПМНЕ, а идната влада која ќе ја формира партијата ќе си стои на зборот и ќе ги решава тие предизвици.
„Напишете ги вашите проблеми, сугестии, нашата програма која што ќе излезе за неколку месеци ќе биде програма која што ќе решава проблеми, од која што граѓаните ќе видат корист. Ние ќе бидеме реални, ние ќе си стоиме на зборот и ќе ги вратиме времињата кога тоа што го пишува во програмата тоа и ќе се оствари“, нагласи Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.