Македонија
Спасовски на работни средби во Охрид и Вевчани, се набавуваат нови пловни објекти за езерската полиција
„При денешната работна посета на Полициските станици – за граничен надзор Охридско Езеро и за гранични работи Свети Наум, со колегите од охридската сообраќајна полиција, како и средбата со градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, разговаравме за состојбите и активностите во тие организациони единици при МВР, како и за степенот и квалитетот на соработката и комуникацијата меѓу полицијата и граѓаните во оваа локална средина“, рече министерот Оливер Спасовски по завршувањето на работната посета на Охрид и Вевчани.
„Свесни за важноста и улогата на припадниците на полицијата ние како раководство правиме се во рамки на законските и финансиски можности да овозможиме што е можно поквалитетни услови за работа. Со задоволство можам да ве известам дека, со цел подобрување и модернизирање на пловниот парк на езерската полиција, во тек е оглас за набавка на пет пловни објекти, набавка во вредност од над десет милиони денари, во која три од пловните објекти ќе бидат набавени со средства од договор за донација, додека два пловни објекти ќе бидат набавени од средства обезбедени од МВР“, рече министерот Спасовски.
Конечно, додаде Спасовски, ова е една од најубавите и најрепрезентативни туристички дестинации, а полициските служби обезбедуваат мирна и спокојна сигурносна состојба за сите луѓе – наши или странски државјани, сеедно.
„Со градоначалникот на Вевчани зборувавме за соработката на полицијата со локалните власти, за можностите за нејзино унапредување, особено низ многу превентивни форми на активности што ни стојат на располагање“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати
Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови.
„На ниво на држава по мандати коалицијата ’Твоја Македонија’ со ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, коалиција ’За европска иднина’ со СДСМ 19 мандати. Коалицијата ’Европски фронт’ има 18 мандати, коалиција ВЛЕН 13 мандати, политичка партија Левица 6 мандати и ЗНАМ 5 мандати. Може да се случат некои мали промени да претрпат овие бројки. 94,05 е голем процент на обработени податоци, не верувам дека ќе има некои сериозни промени. Тоа ќе го знаеме веќе утре“, рече претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Вечерва почнаа да течат и рокови за приговори за парламентарните избори. Приговори за текот на гласањето може да се поднесат до 19 часот на десетти мај, а приговори за сумирање и утврдување резултати до 32.30 часот исто така на десетти мај.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ја слави двојната победа, Мицкоски порача: Сите кои што мислеа дека можат да ја уништат Македонија, завршија на буниште
Членовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите симпатизери ја слават победата на претседателските и парламентарните избори на плоштадот во Скопје.
На насобраните луѓе им се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ја ослободивме Македонија. Сите тие кои што мислеа дека можат да ја ограбат Македонија, да ја понижат, да ја уништат, денеска завршија на буниште, а набргу ќе одговараат“, порача тој.
Мицкоски претходно ги повика граѓаните да дојдат на плоштадите низ сите градови на Македонија заедно да ја прослават победата.
Македонија
Ахмети: ДУИ е втора сила во државата
ДУИ е втора сила во државата, изјави вечерва лидерот на интегративците, Али Ахмети.
„Ние Европскиот фронт сме втора сила во државата. Ние всушност го имавме ВМРО-ДПМНЕ како главен противник, затоа што ВМРО многу му помогна на Влен, но разликата помеѓу Европскиот фронт и Влен е преку 30.000 гласови“, рече Ахмети.
Според официјалните податоци на ДИК, ДУИ освои 18 мандати, коалицијата Влен освои 13 мандати.
ВМРО-ДПМНЕ која извои убедлива победа со 59 пратеници и ќе го добие мандатот за формирање Влада, најави дека ќе почне преговори со Влен за коалицирање. Партискиот лидер, Христијан Мицкоски и вечерва повтори дека е време ДУИ да замине во опозиција.