Македонија
Државниот завод за статистика ќе го тужи Мицкоски
Државниот завод за статистика ќе го тужи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за клевета во врска со изнесените обвинувања дека Заводот објавувал неточни и фабрикувани извештаи по нарачка на Владата.
„Во врска со изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата одржана на 25.10.2019 година, дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата, директорот на Државниот завод за статистика изјавува дека во целост ги отфрла и демантира изјавите и шпекулациите на г. Мицкоски како неточни и лажни. Државниот завод за статистика е професионална и независна институција, чија работа е под постојан мониторинг и евалуација на Евростат, а економските и монетарните статистики истовремено се и под мониторинг на ММФ. Поради изнесените клевети, Државниот завод за статистика ќе поднесе тужба за клевета до г. Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од Заводот за статистика.
Мицкоски на прес-конференцијата рече дека има индиции оти Заводот за статистика фабрикува, пушта во јавност нерелевантни податоци, и најави дека овој случај, кога ќе дојдат на власт, ќе го истражат до крај.
„Имаме дојави од поранешни вработени во Заводот дека оваа институција дава неточни информации и ова е сериозен срам за државата. Се работи за класична измама, која детаљно ќе ја истражиме. Ги предупредуваме и вработените во Заводот да не наседнуваат на притисоците што им се вршат за да не бидат учесници во кривично дело“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

