Македонија
„Анима мунди“ со трибина на филозофскиот факултет за веганството како борба за правата на животните
„Анима мунди“ во соработка со Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет во Скопје, утре (четврток), со почеток од 12 часот, ќе организира трибина со наслов „Непроверениот оброк – вистинското значење на тоа што е во твојата чинија“.
Гостин на оваа трибина ќе биде Вик Шоудин – интернационален говорник и потпретседател на здружението за правата на животните Vegan Outreach, кој своето излагање досега го претставил на повеќе од 700 факултети во повеќе од 30 земји во светот.
„Веганството како борба за правата на животните, правичност и правда; основен постулат врз кој се темели борбата против климатските промени, баланс во екосистемот и заштита на сè пооскудните природни ресурси. Растителната исхрана како заштита на човековото здравје. Важноста на активизмот за општественото унапредување“, ќе бидат дел од темите на оваа трибина, се вели во најавата на „Анима мудни“, во која се додава дека станува збор за предавање што нема никого да остави рамнодушен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

