Регион
„Ројтерс“: Југословенскиот брутализам привлекува големо внимание кај странците

Агенцијата „Ројтерс“ објави сторија за југословенската архитектура од социјалистичката ера, олицетворена во стил познат како брутализам, кој, како што се вели, уште еднаш предизвикува интерес, особено кај странските туристи.
Во објавата се вели дека објектите изградени во овој стил потсетуваат на бетонски вселенски капсули со необичен изглед, кој предизвикува восхит кај новите генерации архитекти.
Tекстот објаснува дека по Втората светска војна, социјалистичка Југославија, предводена од Јосип Броз Тито, почнала реконструкција на земјата уништена од војната. Исто така, се нагласува дека иако првично сојузник со Советскиот Сојуз, Тито се оттргнал од влијанието на Јосиф Сталин во 1948 година.
Масивни станбени блокови, хотели, граѓански центри и споменици од бетон, се изградиле низ целата земјa, пишува агенцијата.
„Архитектурата требаше да ја покаже моќта на една држава меѓу двата света – западната демократија и комунистичкиот исток, обидувајќи се да си создаде сопствен пат за социјалистичка утопија“, истакнува автрот.
Агенцијата нагласува дека интересот за овој стил расте, особено по изложбата во Музејот на модерната уметност во Њујорк од 2018 година со наслов „Бетонска утопија: Архитектурата во Југославија 1948-1980“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.