Забава
Седум продукти што може да ги јадете без да се здебелите
Звучи невозможно, но всушност има одредена храна што може да ја задоволи желбата за јадење или гладот без зголемување на килограмите. Клучот е да му се препуштиме на оброк кој има висока вредност на заситеност, а кој опишува како полнењето на храната се споредува со калориската содржина.
Овој таканаречен индекс на ситост ги мери својствата на разни видови храна да ве натераат да се чувствувате сити и воедно да го намали внесувањето калории во текот на денот.
Овој вид јадење е она што ќе ги задржи килограмите подалеку од вас, а некои продукти се подобри од други како во задоволувањето на гладот така и во спречување да прејадете.
Тука не зборуваме за храна за зајаци. Можете да јадете вистинска задоволувачка храна, а сепак да останете тенки и здрави. Всушност, овие седум продукти се закуска што можете да ја јадете во текот на целиот ден ако сакате.
Варени компири

Многу луѓе избегнуваат компири поради голема содржина јаглени хидрати, но нема потреба од тоа. Компирите се многу хранливи сè додека не се пржат. Повеќе од тоа, компирите содржат отпорен скроб кој влијае како растворливо влакно во дигестивниот систем. Ова помага да се чувствувате сити со помалку калории.
Студиите покажуваат дека готвењето, а потоа ладењето на компирите го зголемува нивото на отпорен скроб. Нивното греење и ладење повеќепати го подигнува тоа ниво.
Цели јајца

Јајцата, а особено жолчките, неправедно се карактеризираат како холестерол бомби кои предизвикуваат срцев удар. Но, и покрај тоа што содржат прилично количество холестерол, испитувањата покажуваат дека јадењето јајца не го зголемува нивото на лошиот холестерол. Напротив, јајцата претставуваат целосен протеин, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини.
Овесна каша

Овесната каша е супер заситувачки оброк што содржи тон влакна и впива многу вода кога е сварена. Бидејќи е прилично невкусна, може да се зачине на многу начини. Овошјето, оревите и кафеавиот шеќер се одличен избор.
Супи

Иако постои мислење дека супата не може да го засити гладот, не мора да е така. Всушност, испитувањата покажуваат дека некои супи може да заситат дури и повеќе од цврста храна со истите состојки. Јадењето супа како предјадење може да ја зголеми вашата ситост до тој степен што во тој оброк вие ќе внесете околу 20 отсто помалку калории.
Направете супата да ви стане навика и ќе изгубите тежина, без дури и да почнете диета.
Јаболка

Јаболката високо котираат на индексот на ситост затоа што содржат растворливо влакно наречено пектин што го регулира варењето на храната. Тие исто така содржат голема количина вода – до 85 отсто во една – што обезбедува волумен за да се чувствувате сити без многу калории.
Цел на испитувањњето беше да се видат резултатите од јадење цврсти сегменти на јаболка или сок од јаболка на почетокот на оброкот.
Доколку сакате да уживате во вкусот на јаболкото и да не добиете тежина, јадете цели јаболка. И ако ви е здодеано од јаболка, јадете агруми, кои се доста богати со пектин и вода.
Риба и посно месо

Рибата е со малку маснотии, сепак е богата со протеини и омега-3 масни киселини, што ја зголемува ситоста, а исто така поддржува здрав кардиоваскуларен систем.
Пуканки

Време е за ужина. Кога ќе добиете желба за солен деликатес, пуканките треба да бидат ваш избор. Тоа е цело зрно, богато со растителни влакна, но има малку калории. Исто така, во пуканките има многу воздух, што всушност помага да ве заситат побргу од чипсот од компири или крекерите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Синот на Никола Саркози и неговата сопруга од Црна Гора станаа родители
Луј Саркози, најмладиот син на поранешниот француски претседател Никола Саркози, и неговата сопруга Натали станаа родители на момче. Гордиот татко ја сподели среќната вест на својот Инстаграм профил во петокот.
Тој објави фотографија од својата сопруга Натали како го држи новороденчето во раце во породилиштето, чие лице го скри. Заедно со фотографијата, која собра речиси 17.000 лајкови за само неколку часа, тој го откри и името на синот.
Име како почит кон неговиот дедо
„Постојат три начини да се постигне бесмртност, рече големиот кубански револуционер Хозе Марти: засади дрво, напиши книга, одгледај син“, напиша 27-годишниот Луј, кандидат за градоначалник на Ментон, во описот.
„Вчера, сопругата и јас се приближивме до вечниот живот: станавме родители. Среќни сме што го претставуваме нашиот син – Сила Никола Саркози“, продолжи тој. Со изборот на името Никола, тој му оддаде почит на својот татко, поранешниот француски претседател. Тој ја заврши својата објава со желба за својот син: „Нека расте, како и неговиот истоимен, со сила и мудрост.“
Кои се Луј и Натали?
Луј Саркози, син на поранешниот француски претседател, е познат по својот интерес за филозофија и јавни прашања. Студирал филозофија на Универзитетот во Њујорк, а во 2021 година ја објавил книгата „Le Sermon sur la chute de Rome“, во која ги доведува во прашање современите општествени вредности и моралот на денешниот свет.
Неговата сопруга, Натали Хусиќ, е родена во 1992 година и е по потекло од Црна Гора. Дипломирала меѓународни односи на Универзитетот во Њујорк, а потоа магистрирала по глобален човечки развој на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. Пред да стане позната во јавноста како партнерка на Луј Саркози, работела во областа на комуникациите и управувањето со проекти.
Луј и Натали се запознале околу 2017 година, а се венчале во септември 2022 година во францускиот град Гордес, на приватна церемонија на која присуствувале семејството и блиските пријатели. Откако живееле заедно во Вашингтон неколку години, двојката се преселила во Ментон на југот на Франција.
Никола Саркози во затвор
Никола Саркози моментално е во затворот Ла Санте во Париз, каде што отслужува казна и е сместен во изолација (сам во ќелија и изолиран за прошетки/активности). Тој беше донесен во затвор на 21 октомври 2025 година, каде што ќе отслужи петгодишна казна за заговор за финансирање на неговата изборна кампања во 2007 година со средства од Либија.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Рита Ора го покажа новиот имиџ
Популарната пејачка Рита Ора обожава да го покажува своето извајано тело, особено на Инстаграм каде што има армија обожаватели. Неодамна објави речиси гола фотографија, а сега ги изненади сите со уште една објава.
Не станува збор за уште една разголена фотографија, туку за нова фризура.
Таа имаше кратка коса со бујни локни, со што сакаше да ѝ оддаде почит на една дива – актерката Мерилин Монро. Покрај тоа, и остатокот од облеката беше впечатлив – имено, виолетови хеланки и црно боди кое ја истакнуваше нејзината витка фигура.
Додаде црно палто кое на целиот стајлинг му даде допир на стар холивудски гламур.
„Изненадувачки поп-ап настап“, напиша кратко во објавата, а потоа започна лавина од коментари. Корисниците на Инстаграм ја забележаа сличноста со Мерилин Монро, а пофалбите одеа во таа насока.
„Мојата Мерилин Монро“, „Твојот глас е совршен“, „Прекрасна си“, се само неколку…
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Анистон објави снимка: сите го велат истото – какво убиствено тело
Не толку одамна, Џенифер Анистон реши да ја отвори душата и да открие болни детали од својот приватен живот. Таа се осврна на темата мајчинство, но и на причината зошто никогаш не посвоила дете.
Сега повторно крена прашина во светот на познатите личности со објава на социјалните мрежи.

Позната по својата беспрекорна фигура на 57 години, саканата актерка реши да им ги открие на своите обожаватели малите тајни на својот успех.
Таа објави видео на Инстаграм на кое ја покажува својата фитнес рутина, но и позитивната атмосфера што го придружуваше целото снимање.
За оваа пригода, Џенифер носеше различни комбинации на облека, имено женски комплети за тренинг кои покажуваа само едно нешто – нејзината фит фигура.
Коментарите од корисниците на Инстаграм едноставно продолжуваа да пристигнуваат, а многумина ѝ велеа дека е убава.
„Изгледа неверојатно. Толку е силна, зрачи со самодоверба“, „Џен, те молам покажи ни повеќе фитнес рутини“, „Твојата форма е феноменална“, се само дел од коментарите…
фото: принтскрин

