Македонија
Институциите апелираат: Не палете стрништа и оган на отворено
Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упатуваат апел до граѓаните одговорно да се однесуваат на отворено со цел да се даде максимален национален придонес кон намалување на заканите од пожари, кои во периодот беснееат на целата територија на државата.
„Особено апелираме земјоделците да не ги палат стрништата и сувите остатоци по дворовите, а граѓаните да се воздржат од какво било палење оган на отворено“, се вели во апелот на институциите.
Според податоците од ЈП „Национални шуми“, годинава е опожарена вкупна површина од над 14.000 хектари. Со оглед на тоа дека пожарите имаат сериозни негативни последици не само за шумскиот фонд туку влијаат и врз квалитетот на воздухот, врз животот и здравјето на луѓето, врз биодиверзитетот и врз целокупните климатски промени, оттука напоменуваат дека сите сторители ќе бидат казнети во согласност со пропишаните законски одредби, кои предвидуваат соодветни казни за физички и правни лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

