Македонија
Право на граѓаните е да живеат во здрава животна средина
На одбележувањето 15 години од формирањето на АДКОМ, здружение во кое членуваат повеќе од 80 јавни комунални претпријатија, отворено се проговори за сите проблеми. Се апелира добро да се разгледаат сите аспекти и штетни последици со почетокот на примената на Законот за зелените пазари, за задолженоста на комуналните претпријатија кон државните институции и кон ЕВН, проблемите што ги предизвикува постојното решение за статусот на вработените во ЈКП, недостигот на возила и механизација во комуналните претпријатија, човечките капацитети и висината на платите во претпријатијата.
„Јавните комунални претпријатија се од исклучителна важност за секојдневието на секој граѓанин. Ниту еден ден без нивната работа не е возможен затоа што тоа би значело дека низ нашите чешми не би течела вода, а улиците би биле преполни со отпад“, рече претседателот на УО на АДКОМ, Зоран Горгиев.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, во своето обраќање ја истакна важноста на овие претпријатија за да може граѓаните да функционираат во чиста, здрава и достоинствена животна средина.
„На Владата останува да го одржи континуитетот за пристап на општините и на јавните комунални претпријатија до програмите за донации и грантови за развој преку домашните, европските и другите меѓународни фондови. На вас останува да работите на оптимизирање и на намалување на трошоците во работата, на намалување на губитоците во системите“, потенцира премиерот Заев на одбележувањето на јубилејот – 15 години АДКОМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.