Забава
Откриена тајната за беспрекорната кожа на Џенифер Анистон и Џенифер Лоренс
Се чини дека Џенифер Анистон и Џенифер Лоренс имаат недостижна убавина, но вистината е дека секој може да го постигне својот беспрекорен изглед.
Џорџија Луиз, специјалист за нега на кожата на лицето, во интервју за „Е! Њус“ вели дека клучот за добивање мека, чиста кожа на ангел е приспособен третман, кој се фокусира на сите проблематични регии кај една личност. Без разлика дали станува збор за сува, гнојна или мрсна кожа, Џорџија вели дека нејзините неинвазивни фејслифтинг-третмани прават чуда за создавање на оној сјај што секој го посакува.
Системот против стареење на лицето или т.н. антиејџинг е режим во два чекора, кој, покрај новиот, посебно формулиран серум, користи технологија на микроигли и јонска инфузија.
Запрашана да каже нешто повеќе за нејзината метода, д-р Луиз вели: „сè што правам е холистичко, но научно. На тој начин вие ги добивате сите прекрасни неинвазивни компоненти во третманот, но исто така добивате и релаксација. Ние работиме истовремено на ум, тело и душа“.

„Јас всушност создадов микроигли во кутија, така што ако не можете да ме видите мене, Џорџија Луиз, или член на тимот, можете да стекнете искуство со помош на домашниот комплет Hollywood EGK. Овој уред е прв од ваков вид на пазарот бидејќи е за еднократна употреба, што значи не мора да се грижите за стерилизирање на вашата опрема.
„Ова е тајната на Холивуд! Ова е нешто што сите го прават. Моментно работам со Џенифер Лоренс Кук, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Емили Блант и Ен Хатавеј и ова е нешто што го правам со секоја од нив кога ќе ги видам. Тие го прават ова неколкупати во годината кога доаѓаат за приспособен третман на лицето за да си ја ресетираат кожата, а исто така и за одржување“, вели Луиз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна
Правната битка меѓу ѕвездите од „Тоа завршува со нас“ има нов епилог. Актерот и режисер Џастин Балдони ја повлече својата контратужба за клевета од 400 милиони долари против колешката Блејк Лајвли откако го пропушти клучниот рок за повторно поднесување.
Според Ролинг Стоун, федерален судија официјално ја заврши тужбата на Балдони. Неговиот случај првично беше отфрлен во јуни, но му беше дадена можност да ја измени и повторно да ја поднесе. Сепак, судијата Луис Лиман, кој го надгледува случајот, забележа дека Балдони и неговата компанија, „Вејфарер студиос“, не успеаја да го исполнат рокот од 17 октомври или да одговорат на судската наредба.
Додека случајот на Балдони против Лајвли сега е затворен, нејзината тужба против него за сексуално вознемирување и одмазда е сè уште активна и во тек. Балдони ја поднесе својата тужба како одговор на нејзините обвинувања.
Забава
Тамара Глоба предвидува блескав ноември за четири хороскопски знаци
Познатиот руски астролог Тамара Глоба предвидува дека ноември ќе донесе среќа и нов почеток за четири хороскопски знаци – Близнаци, Рак, Вага и Водолија.
Глоба најавува „крај на еден вознемирувачки период и почеток на посветла етапа“, со големи промени и нови можности.
Близнаци – ќе почувствуваат налет на креативна енергија, хармонија во љубовта и финансиска стабилност, но со потреба од внимателност во приватниот живот.
Рак – ќе уживаат во професионален напредок и профитабилни можности; крајот на месецот ќе бара повеќе внимание кон семејството.
Ваги – ги очекуваат нови средби, деловни понуди и лични промени; успехот ќе ги следи ако носат промислени одлуки.
Водолии – ќе имаат поддршка од блиските и пријателите, а во деловниот сегмент ќе им се отворат нови извори на приход.
Според Глоба, ноември ќе биде период на нови можности, финансиска стабилност и личен раст, но ќе бара мудрост и внимателност во одлуките.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.

