Забава
Кози ја спасиле од пожар библиотеката на Роналд Реган
Гладно стадо од 500 кози помогна да се спаси претседателската библиотека на Роналд Реган недалеку од Лос Анџелес од пожарите што ја зафатија Калифорнија, пренесе Би-би-си.
Во мај библиотеката од претпазливост ангажирaла кози за да ги расчистат запаливите грмушки околу комплексот. Козите ги изеле создавајќи простор што го забавил ширењето на огнот и им овозможил на пожарникарите повеќе време за да го изгаснат.
Библиотеката недалеку од Лос Анџелес била под закана од пожарот „Изи“, најновиот во низата пожари поради кои во Калифорнија беа наредени евакуации и имаше прекини во електричната енергија.
Акцијата на козите помогнала да се зачувуваат изложените експонати, како што се претседателскиот авион „ер форс 1“ и дел од Берлинскиот ѕид.
„Еден пожарникар ни рече дека веруваат оти просторот што го расчистиле козите им ја олеснил работата“, рече портпаролката на библиотеката, Мелиса Гилер.
Козите биле ангажирани преку компанијата „805 гоутс“ за да го расчистат просторот од 52.600 квадратни метри.
Американецот Скот Морис ја отворил компанијата минатиот ноември и наплаќа околу 1.000 долари за 4.000 квадратни метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Аца Лукас објави видео со „Јовано Јованке“ завиткан во македонското знаме и напиша „Ја сакам Македонија“
Српскиот пејач Аца Лукас, на „Инстаграм“ утрово околу 3.30 часот, сподели видео од изведба на песната „Јовано Јованке“.
На видеото од настапот тој е облечен во македонското знаме, и во описот на видеото порача „Ја сакам Македонија“, по што доби поддршка од македонските фанови во коментарите.
View this post on Instagram
Ова се случува откако синоќа беше приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект во овој град. МВР соопшти дека при акциска контрола спроведена од полицијата, во координација со инспектори и Управата за јавни приходи, било утврдено дека пејачот настапувал без потребната дозвола, по што му била изречена парична казна.
При контролата во истиот угостителски објект биле констатирани и прекршоци за неиздавање на фискална сметка и Законот за пушење. Констатирано било и дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од Министерството за внатрешни работи. Пејачот засгеа не излезе со официјална изјава за инцидентот.
Забава
Како изгледале сестрите Кардашијан пред славата, oбјавена серија фотографии
Кортни Кардашијан сподели носталгични фотографии од 1999 година, од периодот пред семејството да стане светски познато. На Инстаграм објави серија од седум стари фотографии, меѓу кои најмногу внимание привлече божиќна слика на која таа, Ким и Клои позираат во исти пижами со леопардов дезен, држејќи подароци со идентичен украсен папир.
Во текстот се споменува и подкаст-интервју во кое Ким зборувала за раните години на славата и признала дека жали што таа и Кортни не застанале јавно многу порано во одбрана на Клои, бидејќи медиумите различно ја третирале поради изгледот.
Семејството Кардашијан стекна глобална популарност во 2007 година со стартот на реалити-серијалот „Keeping Up with the Kardashians“, коe брзо стана културен феномен и ги отвори нивните денешни медиумски и бизнис-успеси.
View this post on Instagram
Забава
Хороскопски знаци коишто најмногу растат преку болка
Промените ретко доаѓаат од удобност. Некои хороскопски знаци најмногу созреваат токму кога поминуваат низ тежок период. Шкорпија, Риби и Девица се знаци кои излегуваат посилни од болката.
Шкорпијата не избегнува темнина – таа свесно минува низ тешките искуства, знаејќи дека носат важна лекција. Губитоците и предавствата за неа не се крај, туку пресвртница.
Рибите силно ги чувствуваат ударите на животот. Најчесто тивко се трансформираат – се повлекуваат, учат да простуваат и преку духовноста наоѓаат смисла дури и во големите загуби.
Девицата во тешки моменти не бара виновни, туку учи од сопствените грешки. Болката ја тера да стане подобра верзија од себе. Иако не сака хаос, знае како од него да создаде ред. За Девица, секоја болка е лекција.

