Македонија
(Видео) Министерство за здравство: Обезбедена биолошка терапија за сите жени кои имаат рак на дојка
Министерството за здравство соопшти дека заедно со Владата спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка.
„Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците“, информираат од Министерството за здравство.
Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Оттсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки.
Од оваа година, велат од Министерството, за првпат се обезбедени ортопедски градници, за жените што се оперирани од рак на дојка, како и психолошка поддршка на онколошките пациенти.
Вчера во Клиничката болница во Битола се пушти во употреба новиот дигитален мамограф, достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во Битолскиот Регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја. Дигиталниот мамограф е обезбеден преку проектот од ИПА-програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020).
Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.
Од Министерството ги повикуваат сите жени да прават редовни лекарски контроли кои се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Но, покрај редовните контроли секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.
Македонија
Најмногу дожд во изминатото деноноќие падна во Пожаране и Попова Шапка
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Пожаране и Попова Шапка наврнале 32 литри на метар квадратен, во Маврови Анови и Крушево 23, во Тетово 21, во Претор 20, во Лазарополе 14, во Гевгелија 11, во Битола, Тополчани и Скопје-Зајчев Рид 6, во Ѓуриште, Пожар-Радовиш 5, во Прилеп, Велес, Скопје-Петровец 4 и во Штип и Кавадарци еден литар на метар квадратен.
До вторник синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Денеска наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), проследени со засилен ветер и појава на ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

