Македонија
(Видео) Стоилковски: Три години власта ја стопираше изградбата на автопатот Кичево – Охрид
„Благој Бочварски вчера призна дека Зоран Заев и СДСМ лажеле кога велеле дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Зоран Заев три години свесно ја манипулираше јавноста дека наводно била промашена трасата, притоа ширејќи лажни вести“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Споредн него, власта Зоран Заев и СДСМ лажеа дека е промашена трасата и на тој начин без тендер за анекс на договорот за градба испумпа нови над 180 милиони евра од буџетот на државата.
„Три години власта ја стопираше изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Три години изговор за неработата им беше дека била утната трасата. За на крај да можат да се задолжат за 180 милиони евра на штета на граѓаните. Три години автопатот не е мрднат од мртва точка. Како е оставен во време на ВМРО-ДПМНЕ така е и сега. Зоран Заев е најголемиот измамник во Македонија. Зоран Заев лажеше и манипулираше. Три години свесно ја труеше јавноста со лажни вести и тој и неговата влада.
Зоран Заев својата кампања во 2016 година ја темелеше на лажни вести и лажни ветувања. Три години подоцна Заев не ја сменил својата реторика. Три години подоцна Зоран Заев повторно мисли дека со лажни вести и лаги ќе ја манипулира јавноста.Доаѓа време за одговорност за сите лаги и манипулации. На 12 април граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите лаги, сета стагнација и криминал. Доаѓа време за обнова на Македонија“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.

