Регион
Вучиќ влезе во РТС од спореден влез, Сојуз за Србија го обвини за суспендирање на државата
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа мораше да влезе од спореден влез во зградата на РТС, пред која се собраа двесте демонстранти во знак на протест против владината контрола врз медиумите. Но, по појавувањето на приврзаниците на Вучиќ, дојде до расправија и физичко соочување, што го натера опозицискиот Сојуз за Србија (СЗС) да го обвини српскиот претседател за „суспендирање на државата“.
Опозицијскиот СзС соопшти дека српскиот претседател Александар Вучиќ „официјално“ ги суспендирал државните и службените институции, затоа што пред зградата на РТС, каде за време на неговото гостување беа насобрани приврзаниците на здружението „1 од 5 милиони“ и на СЗС, испратил „платени криминални групи“.
Членови и функционери, пак, на Српската напредна странка (СНС) најостро го осудија синоќешното однесување на еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС) и преседател на Двери, Бошко Обрадовиќ, пред РТС, додека српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше на државниот јавен сервис. Од СНС изјавија дека Обрадовиќ повикувал на линч на српскиот претседател, а неговото однесување било „продолжение на хистеријата, насилството, немоќта и безобзирноста на СзС и нејзините лидери, како и болниот план на опозицијата да дојде на власт“.
Членови и поддржувачи на СзС и Здружението „1 од 5 милиони“ се синоќа собраа пред зградата на РТС за да го чекаат Александар Вучиќ, кој гостуваше во емисијата „Прашалник“. Меѓу оние што се собраа на влезот во РТС на Таковска улица, беа и претставниците на СзС Бошко Обрадовиќ, Марко Бастаќ, Борко Стефановиќ. Вучиќ на почетокот на емисијата изјави дека дошол во зградата на РТС од Абердаревата улица, дека еден дел преминал пеш, како и дека спречувањето луѓе да се движат не е решение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ вчера во 18 часот и 50 минути била физички нападната од 47-годишната С.Д..
Како што неофицијално објави српски Телеграф, кај С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена во Ургентниот центар.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.
Регион
Блажиќ: Цел живот се жртвував, знам што ме чека, мртов сум
Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, обвинет за масакрот во селата кај Младеновац, во кој беа убиени девет лица. На почетокот на судењето, Стефан Стефановиќ, адвокатот на семејствата на убиените деца, побара како доказ да бидат доставени IP-адресите на Урош Блажиќ, на татко му, како и на сите луѓе со кои комуницирал непосредно пред масакрот, а потоа пред присутните се обрати првообвинетиот Блажиќ, пишуваат медиумите во соседството.
„Сакаме да бидат доставени сите IP-адреси, не е утврдено дали имало влијание однадвор дека е извршен овој масакр. Не утврдивме дали имало планови или имало влијание од странство. Немаме пораки, немаме повици. Семејствата инсистираат на тоа“, рече Стефановиќ.
Обвинителите тогаш се спротивставија на предлогот и нагласија дека IP-адресите нема да донесат нови докази и дека постапката само ќе се одолжува.
Тогаш обвинетиот Урош Блажиќ побара од судијата да ја дополни неговата одбрана.
Родителите на убиените деца се побунија.
„Сфатив дека сите сте во право тука. Ви благодарам што сте толку љубезни кон мене, заслужив полоши зборови и осуда. Барав мотив, но нема мотив толку многу луѓе да загинат. Цел живот глумев, се жртвував, замислував дека сите ме мразат, а овие млади сакаа да ми помогнат, а јас бев арогантен. Одбив да ја прифатам вината, извинете што не го кажав ова веднаш. Сакам да изразам најдлабоко сочувство. Не можам да го минимизирам ова. Мојата судбина е во ваши раце, сакам најстрога казна. Да ми дадете да потпишам да ми го извадат окото и да ѝ го дадат на Анѓела, да ми ги земат ногата и ‘рбетниот мозок и да им ги дадат на другите повредени“, рече Блажиќ и додаде:
„Знам што ме чека, јас сум мртов човек“.
На Урош Блажиќ му се заканува казна од 20 години бидејќи во моментот на делото сè уште немал 21 година, пренесуваат српските медиуми.