Црна хроника
Пожар во трафостаница во Битола, четворица работници од МЕПСО пренесени во болница
Во битолската полиција во попладневните часови на 5 ноември било пријавено дека при работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2 избувнал пожар во прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа.
Инцидентот се случил во атарот на селото Новаци, по што четворица работници од АД МЕПСО завршиле во Клиничката болница во Битола.
По извршените прегледи, докторите им констатирале лесни повреди и тие биле пуштени дома.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал 17-годишна девoјка од Струга: уапсен маж од Тетовско
Утрово во 02:30 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од тетовско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека физички нападнал 17-годишна девојка од Струга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Црна хроника
Уапсени две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово.
При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи.
Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2.053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
24-годишен скопјанец истепа полицаец на крстосница: со повреди полицискиот службеник е пренесен во болница
Вчера во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот А.С. од Скопје затоа што на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со улицата „Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест.
Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

