Свет
Индиец труел луѓе со цијанид за да ги ограби и да води луксузен живот

Индиската полиција соопшти дека го уапсила 38-годишниот Веланки Симхадри под сомнение дека убил десет луѓе во индиската држава Андра Прадеш ставајќи им цијанид во храната или лековите по што крадел пари, злато или сребро од жртвите.
„Тој на некои од жртвите им давал јадење во кое ставал цијанид, а други убедувал дека цијанидот е традиционален лек“, соопштија полициски извори.
Симхадри е уапсен, но против него не е поведено обвинение, ниту е одреден датумот за судење.
Во согласност со индискиот закон за убиство предвидена е смртна или доживотна затворска казна.
Според полицијата, осомничениот признал дека убил десет лица и ги ограбувал за да води луксузен живот. Со парите од жртвите Симхадри купил една и изградил уште една куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Селфи генерација во Ватикан: Најмладите кардинали кои учествуваат на конклавата

Вчера зад затворените врати на Систинската капела почна најголемата конклава во историјата на Католичката црква на која учествуваат 133 кардинали, а меѓу нив се и тројцата најмлади кои претходно споделија заедничко селфи.
Кардиналот Америко Мануел (51) од Португалија, кардинал Микола (45), украински грчко-католички кардинал со седиште во Австралија и кардинал Џорџо Маренго (50) од Монголија направија заедничко селфи во базиликата Свети Петар.
Селфито е направено на денот на погребната миса на папата Франциско на плоштадот Свети Петар, 26 април 2025 година.
Фотографијата ја сподели и новинарот Жан-Пјер Дени со друго селфи и натпис „Првата конклава на селфи генерацијата“.
На почетокот на конклавата, помладата генерација кардинали привлекува внимание. Од 133 кардинали, 15 се помлади од 60 години.
Европа
Украина: Русија нè бомбардираше и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.
Регион
Автомобил излета од пат и заврши во река, нуркачи извлекоа тела од водата: тешка несреќа во Хрватска

Три лица загинаа во среда вечерта во тешка сообраќајна несреќа во градот Подградина во општина Сливно, откако автомобил излетал од патот и завршил во реката Мала Неретва, објавија хрватските медиуми.
Сите служби веднаш излегоа на местото на настанот, но немало начин да се спасат луѓето.
„Во коритото на реката Мала Неретва, нуркачите пронајдоа возило превртено на покрив. Со помош на кран за влечење, автомобилот беше извлечен од реката во 1:30 часот“, соопшти хрватската полиција.
Телата биле пронајдени на задното седиште од возилото, објави 24сата.хр.
Загинатите се лица родени во 1977, 1948 и 1964 година.