Свет
Човек од Хаваи загина откако во својот двор пропаднал во тунел од лава

Постар човек починал откако пропаднал во тунел од лава на неговиот имот на Хаваите, соопшти вчера локалната полиција.
Човекот неколку дена бил пријавен како исчезнат, па полицијата го пребарувала неговиот имот во Каумана во понеделникот и открила дека тој пропаднал низ истенчената почва во тунел длабок 22 метри, продупчен од лава, кој се наоѓал под неговиот имот, пренесе Си-ен-ен.
Тунелите од лава се природни канали под површината на земјата кои ги создава и низ кои минува магмата. Пештерскиот парк Каумана во близина на местото Хило во Хаваи е омилена дестинација за туристите, бидејќи тие можат да ги проучуваат и истражуваат тунелите од лава, предизвикани од ерупција на вулканот Мауна Лоа во 1881 година.
Спасувачките тимови успеале да дојдат до телото на човекот и да го пренесат во Медицинскиот центар Хило каде го прогласиле за мртов. Обдукција утврди дека тој починал од повреди предизвикани од пад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.