Забава
Ученици приредија забава за 70. роденден на училишниот папагал

Папагалот Сим, кој живее во училиште на островот Џерси во англискиот канал, го прослави својот 70. роденден, па по тој повод училиштето му организираше прослава.
Училишниот хор му отпеа на папагалот роденденска песна, а беше послужена и тортата која можат да ја јадат и луѓе и птици. Шарениот амазонски папагал е училиштен миленик уште од 1988 година. Преживеал дури и пожар кој во 1991 година уништил дел од училишната зграда.
Учениците се грижат за Сим, го хранат и го чистат неговиот кафез секој ден. Во училиштето бил преселен откако се затворила продавница за играчки каде што дотогаш живеел. Овој папагал е во длабока старост за својот вид затоа што просечниот животен век на амазонските папагали е 50 години.
Една ученичка рече дека Сим е прекрасен пријател со која ужива да го минува времето кога е осамена. Заменик-директорката на училиштето, Џес Дојл, која работи таму веќе 30 години, вели дека Сим е исклучително важен за училиштето.
„На пример, кога ќе пристигнат нови ученици, кои можеби не зборуваат англиски, ние ги носиме кај Сим за да можат побрзо да се прилагодат на новото опкружување. На нашиот остров сигурно има илјадници поранешни ученици на кои Сим им останал во среќно сеќавање“, истакна Дојл.
Џерси по област и население е најголемиот остров во групата Каналски Острови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Србинка (која тврди дека е светска ѕвезда) стана вирална на „Тик-ток“ со танц

Српската пејачка Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, со години живее во Америка и тврди дека е светска ѕвезда.
Таа неодамна ја објави песната I Like It која сигурно сте ја слушнале на „Тик-ток“.
Песната стана вирална поради кореографијата, која Диди Џеј сама ја смислила.
@didijofficial " We are so the same but in a different things, you just want to fly but I have lost my wings, please don't hold me down I want to set you free, baby love is evil you will come back to me. Yeah I like it, like it, like it " 🖤
Дијана е родена во 1988 година во Белград. Во септември 2013 година се омажила за Даниел Роквиќ, 20 години постар од неа експерт по информатика, со кој има ќерка. Дипломирала на Универзитетот Мегатренд во Белград. Тврди дека зборува четири јазици: англиски, шпански, италијански и руски.
Дијана има објавено неколку песни на српски јазик, на кои, меѓу другите, соработувала и со Марина Туцаковиќ и Леонтина Вукомановиќ. Потоа почнала да снима песни на англиски јазик. Во јануари 2017 година, таа објави дует, Say No More, со раперот Шаги.
Во декември 2021 година, таа го издаде својот деби албум, Cover Girl.
Со над четири милиони следбеници на Инстаграм, Јанковиќ постојано беше обвинувана дека купува следбеници на социјалните мрежи.
Забава
Бред Пит се бори со нарушување што му го отежнува животот: „Луѓето не ми веруваат“

Бред Пит признал дека се срами затоа што не може да ги препознае лицата на луѓето, што довело до непријатни ситуации во неговиот живот.
Иако можеби мислите дека животот на славна личност како него е исполнет само со убави моменти, 61-годишниот актер тврди дека се бори со ретка состојба која јавноста не ја разбира целосно.
Актерот изјавил дека му ја отежнало дружбата со луѓето поради начинот на кој тие реагираат кога тој не ги препознава.
Пит претходно откри дека справувањето со нарушување наречено просопагнозија го прави да се чувствува засрамен, изолиран и погрешно разбран.
Наједноставно кажано, прозопагнозијата е слепило за лица. Поединците со оваа состојба не можат да разликуваат дали претходно виделе лице и кому му припаѓа, па затоа се потпираат на нивната фризура, глас, држење или облека за да ги препознаат луѓето што ги среќаваат. Во најтешката форма на прозопагнозија, луѓето не го препознаваат сопственото лице во огледалото.
Досегашните истражувања не покажуваат ветувачки наоди во врска со третманот на прозопагнозија со тренинг за препознавање лице, но еден начин да им се помогне на овие лица е да се укаже на можноста за користење на други карактеристики како висина, градба, облека, накит или глас за да се препознаат луѓето со кои се среќаваат и да се практикува оваа стратегија.
Бред Пит рекол дека луѓето не веруваат дека тој боледува од ова нарушување, што му го отежнува животот. Во интервју за Esquire, тој изјави: „Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Често ми велат дека сум егоист и вообразен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да препознаам лица“.
Тој исто така призна дека не добил официјална дијагноза, но експертите рекоа дека покажува некои од знаците. Зборувајќи во 2013 година, Пит дури и призна дека се обидел со проактивен пристап една година каде едноставно ги прашувал луѓето каде се сретнале, но тоа не поминало баш најдобро.
„Во еден момент решив отворено да ги прашам каде се запознавме. Но, тоа само се влоши. Луѓето беа уште повеќе навредени“, рече тој. Тој исто така се пожали дека не сака да остави негативен впечаток или да создаде репутација дека е самобендисан или резервиран и дека едноставно сака да биде подобро разбран во јавноста.
Забава
(Видео) Ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица без да знае која е таа: „ѝ го сруши егото за две минути“

Тиктокерот Кан стана вирален откако ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица, а она што најмногу привлече внимание не беше само средбата со познатата пејачка и актерка, туку тоа што не ја препозна.
Додека поминувал покрај неа, инфлуенсерот спонтано и упатил комплименти за нејзиниот стил на облекување, а потоа ја запрел и ја прашал што работи. Таа за момент се изненадила пред да одговори дека е пејачка. Секако, корисниците на „Тик-ток“ забележале како Џенифер била целосно збунета од ситуацијата.
Сите детали од таа средба беа објавени во видео кое е прегледано речиси 10 милиони пати, а тиктокерот и постави уште неколку прашања на Џенифер Лопез. Освен што ја прашал што работи за живот, тој ја прашал и како се вика, што ѕвездата уште повеќе ја изненади.
@hikhann_ What do you do for a living? #foryoupage #whatdoyoudoforaliving #viralvideo #clout #foryourepage #viral #fyp #foryou #tiktok ♬ original sound – Khan
Инфлуенсерот потоа ја праша Џенифер што сака во нејзината работа, а таа одговори дека сака се во врска со тоа. Интервјуто не заврши тука – следното прашање беше што ја мотивираше да го избере овој пат во кариерата, на што Лопез одговори: „Тоа е само нешто што морав да го направам“. Потоа ја допреа темата самодоверба, а Џеј Ло го сподели својот совет.
На крајот од интервјуто, тиктокерот ја праша Џенифер кој е најдобриот совет што го добила, а таа откри дека нејзината мајка и рекла: „Работи напорно и биди добра личност“.
На многумина им беше смешно што во еден момент покрај нив поминаа девојки и почнаа да ја викаат, а таа со насмевка ги поздравуваше. Ниту во тој момент тиктокерот не претпоставуваше дека е голема ѕвезда.
Во коментарите под видеото се крена голема дебата – едни напишаа дека е очигледно дека само се преправа и има намера да ја испровоцира, а други излегоа во негова одбрана. „Можеби човекот навистина не знае која е таа“, напиша некој.
„Овој тип го тестира нејзиното трпение. Навистина многу се трудеше да биде учтива“, „Беше изненадена, но сепак го продолжи разговорот“, „Нејзиниот говор на телото вели дека е многу навредена“, „Тој ѝ го сруши егото за две минути“, „Ова е најдоброто нешто што сум го гледал во изминатиов период“, беа коментарите.