Економија
Заев: Првиот конгрес за патишта во земјава, шанса за размена на искуства и технологии

Премиерот Зоран Заев со обраќање го прогласи за отворен Првиот македонски конгрес за патишта кој денеска и утре се одржува во Скопје.
Заев истакна дека развиеноста и квалитетната патна инфраструктура се клучни фактори кои пресудно влијаат на економскиот развој и на компетитивноста на економијата на секоја земја.
„Република Северна Македонија е земја во развој и тој развој дефинитивно нема да биде можен без добра патна инфраструктура. Токму затоа, нашите политики имаат јасна цел, а тоа е создавање квалитетна патна мрежа, подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани и на крај силен економски раст и развој на државата. Затоа поврзувањето преку добра, модерна и функционална патна инфраструктура е од исклучителна важност. Во таа насока верувам дека Првиот македонски конгрес за патишта ќе остави длабока трага затоа што е место за презентација и размена на искуства и технологии за изградба на современа патна инфраструктура, за квалитетно проектирање, изведба и надзор. Радува масовниот одзив за учество и присуство на конгресот со што се гарантира значен придонес за да бидеме рамо до рамо со модерниот свет“, нагласи македонскиот премиер.
Првиот македонски конгрес за патишта, на кој учествуваат 360 учесници, од кои 150 се од 15 европски земји и од светот, го поздравија и успешна работа му посакаа ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Златко Србиноски, и Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и инженери и претседател на Европската комора на инженери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.