Свет
(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица
Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот, при што загинаа три лица, а уништени се повеќе од 150 куќи.Според премиерот Гледис Буреџиклијан, ваквата мерка е донесена поради заштита на животот, имотот и безбедноста за сите.
SYDNEY BUSHFIRE CRISIS | Greater Sydney prepares for a catastrophe ahead of tomorrow's unprecedented conditions | @lachlan_kennedy pic.twitter.com/mLyb0ocmeb
— 10 News First Sydney (@10NewsFirstSyd) November 11, 2019
Временските услови со температури повисоки од 34 степени и силниот ветер го отежнуваат гаснењето на пожарите.На пожарникарите во гаснењето на огнената стихија им помагаат колегите од државата Вирџинија, а вкупно се ангажирани 400 со 50 возила.
Најлошата огнена стихија ја погоди земјата во 2009 година, кога загинаа 173 лица, а 414 беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил
Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше оштетена од руски напад со дрон, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
МААЕ вели дека оштетувањето е сериозно и дека дел од конструкцијата ги изгубила своите главни безбедносни функции – особено способноста целосно да го задржи зрачењето.
Иако привремени поправки веќе се направени, директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, предупредува дека е неопходна навремена и детална реставрација за да се обезбеди долгорочна нуклеарна безбедност на Украина.

Експертите објаснија дека падот на притисокот во заштитната купола не претставува веднаш директна опасност. Но има една многу поголема закана – радиоактивната прашина.
Стариот саркофаг, поставен веднаш по катастрофата во 1986 година, одамна е истрошен, а новата заштитна обвивка е изградена токму за да спречи негово рушење. Меѓутоа, сега, по оштетувањето, стариот саркофаг не може безбедно да се демонтира.
Дмитро Хумењук од Државниот научно-технички центар за нуклеарна и радијациона безбедност на Украина предупредува: „ако делови од старите конструкции се урнат под новата, но оштетена обвивка, ќе се подигне големо количество радиоактивна прашина“.
„Таа прашина може да се рашири во околината и да предизвика ослободување на нова радиоактивност – што би претставувало сериозен ризик и за Украина и за поширокиот регион“, вели тој.

Дополнителни работи на обвивката ќе започнат следната година со поддршка од Европската банка за обнова и развој. Планот е, по завршувањето на војната, да се пристапи кон целосна реставрација на заштитната конструкција.
Заштитниот штит беше поставен во 2019 година над уништениот четврти реактор, но украинските власти уште во април предупредија дека има знаци на губење на функционалноста и дека мора да се поправи за да се спречи можно истекување на радијација.

Чернобилската централа се наоѓа 130 километри северно од Киев и само 15 километри од границата со Белорусија. Во првите денови од руската инвазија, таа беше накратко окупирана, при што руските сили го држеа персоналот како заложник – дополнително влошувајќи ја нуклеарната безбедност.
Денес, руските трупи сè уште ја контролираат нуклеарната централа Запорожје, што предизвикува стравувања од нови инциденти со потенцијално катастрофални последици.
Свет
Калас: САД се најголемиот сојузник на ЕУ и покрај критиките кон Европа од Вашингтон
САД остануваат „најголем сојузник“ на ЕУ, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, по објавувањето на новата Национална безбедносна стратегија на САД. Документот предупредува на „бришење на цивилизацијата“ во Европа поради мигрантите.
Калас додаде дека, иако има критики кон Европа, дел од нив се оправдани и дека и покрај разликите, принципот на сојузништво останува непроменет.
Американската стратегија, објавена од администрацијата на Доналд Трамп, предлага крај на „трајното проширување“ на НАТО, со што повторно се уништува надежта на Украина во борбата против руската инвазија. Документот критикува и европски политики поврзани со имиграција, слобода на говор, намалување на наталитетот и слабеење на националниот идентитет.
Калас истакна дека Европа понекогаш ја потценува сопствената моќ, на пример во однос на Русија, и дека треба поголема доверба во себе. Таа предупреди дека ограничувањата врз Украина нема да донесат траен мир, бидејќи наградувањето на агресијата ќе ја повтори.
Поранешниот европски комесар Тиери Бретон оцени дека стратегијата ја ослабува Европа и ја спореди со плановите на Путин, повикувајќи на обединет одговор од европските лидери. Според аналитичарите, документот може да го поттикне влијанието на екстремно десничарските и антиимиграциските партии во Европа.
Свет
Молдавија има проблеми со струјата поради руските напади врз енергетскиот систем на Украина
Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со тешкотии поради синоќешните руски напади врз енергетскиот систем на соседна Украина и побара помош од Романија со електрична енергија.
„Големата електрана е исклучена, а интерконекциите се приближуваат до својата граница. Поради надминување на планираниот проток, Молделектрика побара итна помош од Романија“, се вели во соопштението.
Русија синоќа нападна енергетска инфраструктура во регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск во Украина.
Украинското Министерство за енергетика објави дека неколку области (Киев, Чернигов, Лвов, Одеса, Запорожје, Днепропетровск и Николаев) биле погодени од нападите, кои предизвикале прекини во електричната енергија.
Руското Министерство за одбрана изјави дека биле нападнати компании од „украинскиот воено-индустриски комплекс и енергетската инфраструктура што го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на украинските вооружени сили“.

