Забава
(Видео) Почина заштитното лице на „Марлборо“, никогаш не бил пушач

Ранчерот и филантроп Роберт (Боб) Норис, познат како заштитно лице на „Марлборо“, почина на 90-годишна возраст, пренесе Си-ен-ен.
Тој почина во Колорадо Спрингс, Колорадо, објави компанијата Tee Cross Ranches, што тој ја основал.
Тој со својот маркантен изглед ја добил улогата на првиот марлборо-маж на телевизија. Норис, кој според печатот никогаш не бил пушач, се појавувал во реклами 14 години. Се откажал од рекламните кампањи кога почувствувал дека е лош пример за своите деца.
Кога барале марлборо-модел, проблемот бил во тоа што никој не можел да јава коњ, а од „Марлборо“ сакале тој да биде каубој. Норис имал ранч и коњи, па совршено им одговарал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Изјавата за секс ги крена сите на нозе, па зададе нов удар: На жените не им се простува ништо

Шарлиз Терон предизвика вистинска лавина од коментари во Холивуд по само една кратка изјава.
Познатата актерка Шарлиз Терон остро ја критикуваше филмската индустрија за тоа што не поддржува акциони филмови со женски главни ликови, објави „Фокс њуз“.
Шарлиз е позната по своите изјави кои привлекуваат големо внимание, а неодамна откри дека имала секс со 26-годишник, а проговори и за деталите.
Како што таа сега изјави, Холивуд ги смета проектите во кои жените ги играат главните улоги за ризични, особено кога станува збор за акциони филмови.
„Тоа е општо познат факт. Акционите филмови со женски главни улоги не добиваат зелено светло толку често како оние со машки главни улоги. Она што секогаш ме фрустрира е фактот дека мажите добиваат бесплатна пропусница“, рече Шарлиз.
Таа, исто така, истакна дека мажите добиваат втора шанса, на пример ако еден од нивните филмови не успее во кината, додека жените не.
„Кога нешто слично им се случува на жените и филмот не помине добро, тие не добиваат втора шанса“, додаде Шарлиз.
Патем, Шарлиз зборуваше за ова за време на промоцијата на новиот филм на Нетфликс „The Old Guard 2“, во кој глуми заедно со Ума Турман.
Забава
(Видео) Камерата се „слизна“ и ги покажа градите: жешка снимка од убавата Германка го разбранува интернетот

Поранешната германска манекенка Хајди Клум е често активна на социјалните мрежи – особено во текот на летото.
Таа редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, а неодамна имавме можност да ја видиме како го слави својот 52-ри роденден во бикини.
И не застана тука…
Сега таа објави жешко видео на истата мрежа со нејзиниот сопруг Том, кој нежно ја држи околу половината.
Како што можете да видите, Хајди позираше во друго бикини со насмевка на лицето, а во еден момент камерата „се лизна“ и ги покажа нејзините гради.
Таа ја надополни жешката атмосфера со бакнеж, но и со песната „Another Day in Paradise“ од Фил Колинс.
Забава
(Фото) Кејт Мидлтон го „покори“ Вимблдон во креација од српски дизајнер

Иако светот доби нов шампион на Вимблдон и со тоа го прогласи крајот на турнирот, модните експерти продолжуваат да коментираат за облеките на познатите ѕвезди во Лондон.
Во текот на целиот тениски турнир, имавме можност да видиме вистинска модна ревија на јавни личности. Сепак, се чини дека принцезата од Велс остави најголем впечаток, бидејќи избра беспрекорен стајлинг за свечената пригода на доделувањето на златниот трофеј.
Кејт Мидлтон носеше миди фустан во кралско сина боја со А-крој кој ја следеше линијата на телото. Елегантната креација има V-изрез и кратки ракави, а е дизајнирана од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.
Познато е дека една од најубавите принцези во светот ја обожава работата на српската дизајнерка, па затоа не е изненадувачки што овој пат – за да го „круниса“ победникот – таа избра нејзина креација.
Кејт го комплетираше целиот изглед со беж чевли од Ралф Лорен, шминка во „nude“ боја и плетена чанта од британскиот бренд LK Bennett.
Навистина, ова беше уште еден изглед на Кејт Мидлтон достоен за кралска титула!