Црна хроника
Кај Струмица пронајдени седум мигранти, на Меџитлија спречени шестмина Кубанци
Во близина на угостителски објект на регионалниот пат Валандово – Струмица струмички полицајци во текот на утринските часови на 10 ноември пронашле седум мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак.
По преземените мерки, во близина на вештачко езеро во атарот на селото Белотино, биле пронајдени два автомобила „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, и уапсени се двајца скопјани на возраст од 31 и 37 години поради сомнение дека сториле кривично дело шверцување мигранти.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.
Истиот ден, во 17.30 часот, кај манастирот „Свети Илија“, во близина на граничниот премин Меџитлија, полицијата спречила шестмина Кубанци кои се обиделе илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција.
Истовремено, биле приведени и 37-годишен возач на „фолксваген транспортер“, со кој се превезувале Кубанците, и 51-годишен сопатник, двајцата од Скопје. Кубанските државјани, заедно со Р. Ќ. и Џ. С., биле предадени во СВР Битола за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случаите, против учесниците во нив ќе бидат поднесени соодветени пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

