Македонија
Државното земјиште предвидено за градба во општина Центар ќе се пренамени во зеленило
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, преку презентација ги образложи одлуките што минатата недела беа донесени во врска со ДУП Градска четврт И 06 – Пролет од страна на Советот.
„Ова претставува четврти ДУП од вкупно 31 за кои допрва Советот ќе треба да расправа. За разлика од минатата општинска администрација, пред 2012 година се трудиме овие расправи и одлуки да ги носиме јавно и транспарентно, преку јавна анкета, каде што граѓаните ќе може да учествуваат со сугестии и коментари“, рече Богдановиќ.

Државното земјиште што било предвидено за градба во општина Центар, ќе се пренамени во зеленило. „Нема да има зграда до зграда и да си гледаат соседите дома, туку има значително растојание меѓу зградите. Новата градинка е во склоп на училиштето и се работи за убава површина во согласност со параметрите за градинка. Површината е на 1.992 квадратни метра. Висината е според прописите, а има предвидено и двор“, изјави градоначалникот Богдановиќ.
По две години, градоначалникот соопшти дека општинската администрација дала максимални напори да се измени она што може бидејќи досега деталните урбанистички планови биле ревидирани. Следниот ДУП што ќе биде презентиран, петти од 31 ревидиран, ќе биде кај Тасино Чешмиче.

„Целта е да покажеме друга слика од претходно кога планови се носеле без јавност, во 3 часот наутро, се заради нечии интереси. Наша задача како општинска администрација е да придонесеме за непречени услови за да се направат измените“, додаде Богдановиќ.
Меѓу другото, извршена е пренамена на парцелата 1.02 покрај основното училиште „11 Октомври“, од објект на локална самоуправа во објект со намена в2: здравство и социјална заштита, поточно детска градинка.
На местото на постојната Месна заедница Корчагин ќе може да се изгради детска градинка со површина на парцела од 1.992 m2 и површина за градба од максимум 1.334 m2, а развиена површина од 2.668 m2. Постојната кула, на местото на денешниот паркинг, на парцелата 1.27, ќе може да се изведе паркинг со 2 нивоа: едно полуподземно и едно полунадземно ниво, со цел да не се нарушуваат видиците на станарите. Овој паркинг со површина од 1.635 m2 (од ниво) се предвидува со цел да се решат проблемите со паркирање на постојните објекти, а притоа да не се уништува зеленилото, како што се предвидувало во претходните варијанти на плановите.
„Сите уредени зелени површини се зачувуваат. Површината под јавно зеленило е тројно зголемена, односно од постојните 4.283 на 12.811 m2 во однос на претходните планови. Toa зеленило го опфаќа постојното зеленило меѓу постојните станбени згради, заштитното зеленило, но и неколку нови помали површини, кои не биле предвидени како јавно зеленило во претходните планови, а во стварноста се зелени. Зачувано е детското игралиште, кое заедно со најголем дел од зеленилото меѓу станбените објекти ќе беше уништено доколку се дозволеа надградби на постојните станбени згради и не се решеше проблемот со паркирањето“, додаде Богдановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро
Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена.
„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добиваат е поголем од 75% од земјите на ЕУ.
„Најголемиот дел од граѓаните, огромен дел, би рекол акламативно мислат дека не си ја врши својата работа доволно добро и ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во којшто ќе бидам критикуван, а притоа буџетот којшто го добиваат е очигледно поголем од 75% од земјите членки на ЕУ, нивни колеги, тогаш мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде Мицкоски во разговорот на „Топ тема“.
Македонија
Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години
Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија на 15 години. Почетната цена на месечниот закуп е 0,5 отсто од проценетата вредност, или 251.073 денари.
Со 17 гласови за и 6 против, во Советот донесена е одлуката за издавање под закуп на Дино паркот, јави „Канал 77“.
Советникот од Левица, Ангеле Михајловски пресмета дека со влезниците што се наплаќаат, заработката ќе биде поголема од закупот што ќе го добива општината.
„Однапред сте знаеле дека Дино паркот ќе го дадете на приватна фирма. Не може да ме убедите поинаку“, рече Михајловски од говорницата.
Немањето на капацитет, кадровски и финаиски ресурси за одржување на паркот од страна на општината и ЈП „Исар“ е причината поради која се издава Дино паркот, објасни Вишна Шорова – Ангелова, секретар на општината Штип.
„Штип е општина која постојано расте и се развива утврдивме потреба дека се потребни забавни површини со цел децата почесто да остануваат овде и да поминуваат повеќе време со родителите. Така ја утврдивме потребата, а се разбира и од комуникацијата со граѓаните. Овој износ, почетната месечна закупнина од 251 073 денари произлегува од Законот кој пропишшува дека доколку еден објект се даде под закуп истиот ќе има почетна цена од 0,5% од проценетата вредност“ – рече Шорова-Ангелова, пренесе штипската „МНет“.
Дополнително по давањето на Дино паркот под закуп ќе се одреди и цената на влезниците. Дино паркот во Штип беше изграден пред еден месец на површина од околу 10 илјади метри квадратни. Поставени се 50 експонати од кои 20 се виртуелни диносаурси кои реагираат на сенозри се движат и испуштаат крикови. Изминатиот период и посетеноста е доста голема особено за време на викендите.
Македонија
Во Битола разговори за европските проекти и нови можности за граѓаните
Во рамките на посетата на Битола, заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, оствари официјална средба со градоначалникот на општината, Тони Коњановски.
На средбата двајцата соговорници разменија информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во општина Битола со поддршка од ЕУ преку различни програми. Посебен акцент беше ставен на тековните инвестиции, нивното значење за локалниот развој и потенцијалот за отворање нови можности за граѓаните.
Разговорот се фокусираше и на продлабочувањето на соработката меѓу Европската Унија и општината, како и на заклучоците од Извештајот за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграции.
Средбата заврши со заедничка оценка дека континуираната поддршка и партнерство се од клучно значење за успешно спроведување на реформските процеси и развојните иницијативи во Битола.

